Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Користел стар ценовник и продавал по пониски цени: Кривична за ексдиректор на „Национални шуми“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Користел стар ценовник и продавал по пониски цени: Кривична за ексдиректор на „Национални шуми“
ХРОНИКА

Користел стар ценовник и продавал по пониски цени: Кривична за ексдиректор на „Национални шуми“

Објавено June 8, 2026 22:24
Сподели
Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Делчево против 52-годишниот Валентин Груевски од Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, во својство на поранешен директор на Јавното претпријатие „Национални шуми“, во периодот од 13 февруари 2023 до 7 мај 2024 година склучил и потпишал осум договори за купопродажба на опожарена дрвна маса со шест правни лица.

Во договорите, како што наведува МВР, бил користен ценовник од 5 декември 2014 година, кој во тој момент бил неважечки и содржел пониски цени од важечкиот ценовник донесен на 21 јули 2022 година.

Сите осум договори биле реализирани, при што, според полицијата, на шесте правни лица им била овозможена имотна корист во износ од 2.053.838 денари. За истиот износ, како што се наведува во пријавата, била предизвикана штета на ЈП „Национални шуми“.

Од МВР информираат дека случајот е доставен до надлежното обвинителство, кое ќе постапува понатаму по кривичната пријава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку 32 мртви во земјотрес на Филипините
Следна Статија Индиец почина во Жена-парк во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж изгоре до смрт во својот дом, познат неговиот идентитет

Денеска (20.01.2025) во 05:22 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Чифлик, делчевско, настанал пожар во куќа, сопственост на…

January 20, 2025
ХРОНИКА

Палевски: Видевски пукаше, Манев е организатор, а Кешишев стражар на двете убиства

Првообвинетиот Љупчо Палевски во завршните зборови рече дека е обвинет без докази и оти не му било дадено доволно време…

June 20, 2025
ХРОНИКА

Жена прегазена во Кисела Вода, пренесена на Клинички

На 24.09.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, пред крстосница со ул.„Христо Татарчев“ во…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Македонка починала на плажата „Свети Стефан“ во Црна Гора

Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско почина на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако и се слоши во морето…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?