Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: М-НАВ: Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > М-НАВ: Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ
МАКЕДОНИЈА

М-НАВ: Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Објавено June 9, 2026 13:21
Сподели
Сподели

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година – соопшти денеска правниот застапник на М-НАВ АД Скопје, адвокатот Горан Николоски.

Според него, со правосилната пресуда судовите ги прифатиле трите клучни аргументи на М-НАВ дека најавениот штрајк не произлегува од заштита на право од работен однос, дека е закажан спротивно на законската постапка, без задолжително посредување, и дека ССКЛ нема правен легитимитет да организира штрајк како подружница на Независниот синдикат за сообраќај и врски.

Со ваквата пресуда се отвора прашањето дали и претходно организираните штрајкови од страна на ССКЛ биле законски. Одговорот е јасен, судот утврди дека и тие биле спроведени надвор од законските прописи – изјави Николоски.

Тој додаде дека во согласност со статутарните акти на синдикатот ССКЛ не претставува синдикат во смисла на Законот за работните односи и не може самостојно да презема дејства.

Според него, пресудата отвора прашања и за сите други активности што ССКЛ ги презел надвор од рамките на матичниот синдикат

Во ситуација кога дејствата се преземени без правен легитимитет, се доведува во прашање и нивната правна важност – нагласи Николоски.

Сепак, со оглед на правосилната пресуда, секоја идна акција би морала да биде усогласена со Законот за работните односи, постапката за посредување валиден синдикален легитимитет.

По судската забрана на штрајкот најавен за 20 октомври 2025 година, од М-НАВ оценија дека одлуката на Основниот граѓански суд е законски основана и донесена врз основа на утврдени неправилности во постапката за најавување штрајк.

Штрајкот требаше да се реализира со ограничување на летовите, па дури и со делумно затворање на воздушниот простор во определени термини, но Основниот граѓански суд Скопје донесе привремена мерка со која го забрани како незаконски.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Притвор за насилен скопјанец – со нож се заканувал дека ќе ги убие и жената и децата
Следна Статија Петгодишно дете од гостиварско испило апчиња од баба му

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Програмата која ја ветивме во најголем дел Вие ја остваривте

На настанот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ кој започнува денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше свое…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

Министерството за внатрешни работи во рамки на проектот „Безбеден град“ денеска ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на…

January 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ден на верата и уверувањето во Христовото Воскресение – Денес е Томина недела

Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство како Бела Недела или Мал Велигден е значаен христијански празник кој…

April 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Лидерот на СНС во Охрид се сретна со Мицкоски: Ќе го чуваме нашето пријателство почитувајќи ги двете држави и двата народа

Лидерот на Српската напредна странка (СНС) и поранешен премиер на Србија, Милош Вучевиќ, бил во посета на Охрид, каде се…

July 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?