Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг, вели Николоски по увидот на пругата Скопје-Софија, која интензивно се гради
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг, вели Николоски по увидот на пругата Скопје-Софија, која интензивно се гради
МАКЕДОНИЈА

Со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг, вели Николоски по увидот на пругата Скопје-Софија, која интензивно се гради

Објавено June 10, 2026 14:36
Сподели
Сподели

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце–Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со дитекторот на ЈП МЖ Инфраструктура и претставници од изведувачот Ѓулермак извршија увид на градежните работи на трасата.

фото: Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски при посетата истакна дека проектот претставува инженерско достигнување, пругата е дел од стратешкиот НАТО Коридор 8, кој ја поврзува Македонија со Бугарија и Црното Море.

фото: Министерство за транспорт

Се работи за исклучително предизвикувачки проект кој опфаќа изградба нови три станици, Кратово, Романовце и Гиновце, 29 мостови, 15 тунели, шест надвозници, три подвозници. Имајќи ја предвид конфигурацијата на теренот, ова ќе биде железница на која возовите ќе сообраќаат со брзина од 100 до 120 километри на час, што во вакви услови е навистина одлично решение, изјави Николоски.

фото: Министерство за транспорт

Тој нагласи дека мостовите што се градат претставуваат инженерско чудо, со столбови високи до 61 метар, што е повеќе од двојно повисоко од просечна осумкатна станбена зграда.

Највисокиот столб кој што се гради е цели 61 метар. Само за споредба, просечна зграда, некаде од 7-8 ката, е во висина од 24-25метри, што значи дека тука зборуваме за згради кои што би биле од 10-20 ката, кога овие столбови би ги преселиле во една урбана средина, потенцираше министерот Николоски.

фото: Министерство за транспорт

Во рамки на проектот ќе бидат вградени десетици илјади тони арматура и вкупно 125.000 кубни метри бетон. Николоски информираше дека напредокот кај конструктивните работи достигнал 31 процент, додека вкупната реализација на проектот е 36 проценти.

Очекувам до октомври 2028 година тука веќе да оперираат возови. Ова е дел од Коридорот 8 источно крило, по изградбата на втората делница секако ќе ја градиме и третата. За истата во соработка со Европската инвестициска банка, ЕБОР и ЕУ од каде што имаме грант, сакам да се заблагодарам. Веќе е објавен тендер за избор на Надзорен орган, а очекувам во следните неколку недели, во соработка со ЕБОР и ЕУ, да го објавиме и тендерот за изведба, како би можеле конечно Македонија со пруга да ја поврземе со Бугарија, односно Скопје да го поврземе со Софија, а оттаму и со Црното Море, додаде вицепремиерот Николоски.

фото: Министерство за транспорт

Тој потсети дека Коридорот 8 е прогласен од НАТО за втор најзначаен безбедносен коридор и има големо геостратешко значење за регионот, на кој меѓународните партнери на земјава се особено посветени.

На крајот, Николоски упати благодарност до премиерот Мицкоски, Министерството за финансии, директорот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Синиша Иваноски и неговиот тим, како и до сите работници ангажирани на терен, истакнувајќи дека токму нивната посветеност овозможува реализација на комплицирани инфраструктурни проекти во Македонија.

Директорот на ЈП МЖ инфраструктура Синиша Ивановски истакна дека во наредниот период очекува силна динамика на градежните работи, а претпријатието останува посветено на реализација на капиталните проекти.

фото: Министерство за транспорт
фото: Министерство за транспорт
фото: Министерство за транспорт
фото: Министерство за транспорт
фото: Министерство за транспорт
фото: Министерство за транспорт
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вето од ЕУ за Бугарија поради монетата од 2 евра
Следна Статија Џеко ќе дава голови со копачки од македонски дизајнер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

И Филипче дел од рекет шемата, ексклузивна фотографија од домот на Боки 13

Бојан Јовановски познат како Боки 13, го објави долгонајавуваниот документарен филм „Рекет“, во кој објави фотографија од лидерот на СДСМ,…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 80 години од ослободувањето

По повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска, во 11 часот, на партизанските гробишта во Бутел, делегации од…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Во Штип работиме на ДУП за бањата Кежовица, очекувам браната Отиња да биде готова следната година

Во општиона Штип работиме на повеќе проекти, во финална фаза е изработката на ДУП за бањата Кежовица која што треба…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Спиење во хотелот пред кој Мијалков паркира Ферари чини 35 просечни или 70 минимални македонски плати

Една вечер спиење за двајца пред Hotel De Paris Monte Carlo Monako пред кој во видеото на Скопје1 паркирал екс…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?