Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Traveler > Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето
Traveler

Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето

Објавено June 11, 2026 11:34
Сподели
Сподели

Една од најубавите плажи во Грција, популарната Наваџо на островот Закинтос, ќе биде целосно затворена за посетители во текот на целото лето од безбедносни причини, објавува британскиот медиум „The Sun“.

Плажата која редовно се рангира меѓу најубавите на светско ниво, ќе остане недостапна за туристите сè до 31 октомври поради висок ризик од лизгање на земјиштето.

Познатиот залив, препознатлив по атрактивниот бродолом, ќе биде целосно затворен на брегот, а туристите ќе можат да го видат единствено од точката за набљудување која се наоѓа на карпите високо над плажата.

Локалните власти спроведоа нова проценка на ризикот во оваа област по инцидентот што се случи минатата недела, кога американски турист падна од карпа и се здоби со повреди.

Според информациите на „FTN News“, одроните на камења и честите поместувања на земјата во моментов ја прават плажата крајно небезбедна за капачите.

За да се спречи каков било пристап на луѓето до заливот, на сите приоди што водат до него веќе се поставени голем број бариери кои ќе останат таму во текот на целата летна сезона.

Медиумот „Б92“ потсетува дека ова не е првпат да се покренува прашањето за безбедноста на оваа локација. Уште во 2018 година, плажата беше накратко затворена откако дел од карпата се сруши и повреди неколку туристи.

Дополнително, во септември 2022 година, земјотрес со јачина од 5,4 степени предизвика големо свлечиште, што ги принуди локалните власти целосно да ја блокираат плажата за одреден период.

Засега нема официјални најави дали плажата ќе биде повторно отворена на 31 октомври или пак забраната за пристап ќе биде продолжена и по тој датум.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Истражување: „Ајфон“ ги натера жените на помалку деца
Следна Статија Под мразот на Антарктикот пронајден древен „изгубен свет“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Traveler

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026

Според туристички експерти и инфлуенсери од целиот свет, пет хрватски плажи се најдоа на листата за 50 најубави плажи во…

June 2, 2026
Traveler

Пет најдобри плажи за летување со деца во Грција

Порталот Грчко катче, основан од три Србинки омажени и преселени во Грција, споделува кои се нивните препораки за семејствата со…

June 6, 2026
Traveler

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

Според индексот на „Мач бетер адвенчурс“, првото место на листата на најдобри европски дестинации за „соло“ патувања во 2026 година…

May 10, 2026
TravelerМАКЕДОНИЈА

Македонија во репортажа на СНН травел: Сè уште постои една прекрасна земја во Јужна Европа

Сè уште постои една прекрасна земја во Јужна Европа со вкусна храна, одлично вино и без туристички гужви – и…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?