Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Истражување: „Ајфон“ ги натера жените на помалку деца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Истражување: „Ајфон“ ги натера жените на помалку деца
ЗДРАВЈЕ

Истражување: „Ајфон“ ги натера жените на помалку деца

Објавено June 11, 2026 11:36
Сподели
Сподели

Во многу земји, бројот на родени деца се намалува. Истражувачите сè уште се обидуваат да ги откријат причините за тој пад, па во тој контекст, две неодамнешни научни истражувања од САД укажуваат на истиот можен виновник – паметните телефони. Сопствениците на паметни телефони имаат помалку социјални интеракции, се наведува, па затоа и помалку сексуални средби во вистинскиот живот.

Според наводите, во САД од 2007 година стапката на плодност се намали за 22 отсто. Тоа, се претпоставува, е поврзано со доаѓањето на „Ајфонот“ на „Епл“ таа година. За да ја тестираат својата теорија, двајца истражувачи од Универзитетот на Мидлбери, Вермонт, САД, Кејтлин Мајерс и Езекиел Хупер се сосредоточуваат на фактот дека меѓу 2007. и 2011 година, „Ајфонот“ бил достапен во САД само преку еден оператор, „AT енд T (AT&T)“. Следи и споредба на стапките на плодност во областите опслужени од „AT енд T“ со оние кои веројатно биле лишени од корисници на „Ајфон“.

Следствено, според истражувањето објавено од Националното биро за економски истражувања во САД, падот е особено изразен кај помладите жени – на возраст од 15 до 24 години.

„Опаѓањето на плодноста е концентрирано првенствено кај младите луѓе и во голема мера се одразува во намалување на несаканите бремености“, пишуваат авторите. Намалувањето, инаку, „помалку се должи на трошоците за одгледување дете, а повеќе на недостатокот на социјална интеракција и сексуална активност“, се додава.

Како што паметните телефони стануваат сè пораспространети, и „времето минато со пријатели, како и сексуалната активност нагло се намалуваат, наспроти зголемената потрошувачка на порнографија, како можна замена за секс со партнер“, пишуваат Мајерс и Хупер.

Тие сметаат дека ова не е единствената причина за намалувањето на бројот на деца по жена. Како фактор се наведува и неуспешната политика за раѓање, спроведени, на пр. во Франција и Јужна Кореја и нејзиното мало влијание.

Натаму, економистите од Универзитетот на Синсинати, Нејтан Хадсон и Хернан Москосо Боедо ја прошириле оваа хипотеза на 128 земји. Ова проучување, пак, ги опфатило податоците на Светската банка за продорот на паметните телефони и за стапките на плодност кај адолесцентите. Според сѐ, намалувањето стапки на плодност се забрзало со широкото усвојување на паметните телефони, и тоа е појава забележана во земји „со фундаментално различни здравствени, социјални, економски и културни контексти“, се истакнува.

Авторите заклучуваат дека ова е „заеднички глобален технолошки шок“, во овој научен труд, објавен во мај годинава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Рајанер“ под истрага за наплата на родители за седење со своите деца
Следна Статија Една од најпознатите плажи во Грција затворена за туристи ова лето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Четири симптоми на висок холестерол и затнати артерии

Високиот холестерол и затнатите артерии често се развиваат без никакви очигледни знаци, па затоа многу луѓе не се свесни дека…

August 31, 2025
ЗДРАВЈЕ

АХВ:Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  пред велигденските празници. Кај 16…

April 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и…

July 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на uslugi.gov.mk

Нови четири услуги од Фондот за здравствено осигурување се достапни на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Три од нив…

January 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?