Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обложувалниците предвидуваат понеизвесна трка за американски претседател
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Обложувалниците предвидуваат понеизвесна трка за американски претседател
СВЕТ

Обложувалниците предвидуваат понеизвесна трка за американски претседател

Објавено November 3, 2024 23:07
Сподели
Сподели

Водечките светски обложувалници денеска предвидуваат понеизвесна трка за претседател на САД, во споредба со пред десетина дена, кога кандидатот на републиканците, Доналд Трамп, важеше за благ фаворит во дуелот со Камала Харис од владејачката Демократска партија.

Два дена пред претседателските избори во САД, проценките на обложувалниците се речиси идентични со најновите резултати од истражувањето на јавното мислење.

Според квотите, кои обложувалниците континуирано ги ажурираат, Трамп првично беше во водство на почетокот на октомври, а неговата предност постепено се зголемуваше до пред десетина дена. Сепак, од тогаш предноста на Трамп е значително намалена.

Квотите за победа на поранешниот претседател Трамп денеска се движат од 1,8 до 1,83 во водечките облажувалници, додека на победа на потпретседателката на САД, Камала Харис, од 2,00 до 2,10. Тоа значи дека на вложени 1.000 долари исплатата би била од 1.800 до 1.830 долари во случај на победа на Трамп, а од 2.000 до 2.100 долари ако триумфира Харис.

На претседателските избори во САД не победува секогаш кандидатот со најмногу гласови на ниво на целата земја, туку оној кој ќе „собере” најмалку 270 од 538 електори, привремени делегати кои во декември се состануваат за формално да го изберат претседателот. Бидејќи тој чин е формалност, победникот е познат веднаш штом се пребројат гласовите на изборите.

Во секоја од 50 сојузни држави се избира толку електори колку што има членови во Конгресот на САД, додека Дистриктот Колумбија (главниот град Вашингтон) дава три члена на електорскиот колеџ. Кандидатот кој победи во една сојузна држава ги добива сите нејзини електори, освен во Мејн и Небраска.

Победникот е веќе познат во 42 сојузни држави и Дистриктот Колумбија, додека во преостанатите осум “колебливи држави” (swing states) исходот е помалку или повеќе неизвесен. Тоа се Пенсилванија (19 електори), Мичиген (15), Висконсин (10), Невада (6), Џорџија (16), Северна Каролина (16), Аризона (11) и Ајова (6).

Според денешните квоти на водечките обложувалници, Трамп е фаворит во Аризона, Џорџија и Северна Каролина, а Камала Харис во Мичиген. Трамп е фаворит и во Ајова, која од пред неколку дена се смета за „колеблива држава” на овогодишните избори.

Во Невада, Трамп има блага предност, додека во Висконсин, Камала Харис, а во Пенсилванија двајцата кандидати се целосно изедначени (квота за победа на двајцата кандидати е 1,9).

Обложувалниците брзо ги прилагодуваат квотите во зависност од развојот на настаните и новите информации, но и тие можат да погрешат – на претседателските избори во САД 2016 година, кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, беше убедлива фаворитка со квота 1,25, додека победникот Трамп практично беше сметан за аутсајдер, бидејќи квотата за неговата победа беше 4,00.

Сепак, постојат и тврдења дека обложувалниците подобро предвидуваат исход на изборите кога разликата помеѓу кандидатите е минимална како оваа година, отколку кога некој е фаворит, како во 2016 година.

Кога се во прашање истражувањата на јавното мислење, најновата анкета на порталот 538 (FiveThirtyEight), специјализиран за претседателските избори во САД, е во согласност со проценките на обложувалниците.

Во Пенсилванија, Трамп има 47,9 отсто, а Харис 47,6 отсто поддршка, додека потпретседателката на САД има предност во Мичиген (од 0,7 отсто) и во Висконсин (од 0,8 отсто).

Трамп во Невада има предност од 0,7 отсто, во Северна Каролина од 1,3 отсто, во Џорџија од 1,5 отсто, а во Аризона од 2,6 отсто.

Кога станува збор за Ајова, каде Трамп победи и во 2016 и во 2020 година, постојат значителни разлики помеѓу најновите анкети. Според анкетата на весникот Де Мојн редџистер и компанијата МедиаКом, Харис во Ајова има предност од дури 3,0 отсто (47 спрема 44 отсто), додека другите истражувања покажуваат дека Трамп и натаму е пред потпретседателката на САД во таа сојузна држава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Маријана Ѓорѓиевска, првата Македонка која што се искачи на Хималаите!
Следна Статија Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Почна примирјето меѓу Израел и Хезболах

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах стапи на сила денеска во раните утрински часови откако двете…

November 27, 2024
СВЕТ

Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија за федералните службеници

Американскиот милијардер Илон Маск и претприемачот и поранешен претседателски кандидат Вивек Рамасвами, кои беа номинирани од новоизбраниот претседател Доналд Трамп…

November 21, 2024
СВЕТ

(ФОТО)Протести против Маск ширум светот

Илјадници луѓе ширум светот вчера се одѕваа на повикот на Движењето „Да ја собориме Тесла“ (Tesla Takedown) и протестираа пред…

March 30, 2025
СВЕТ

Приведен градоначалникот на Истанбул поради истрага за корупција

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба…

March 19, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?