Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривичен ја прифати гаранцијата од 55.000 евра за укинување на притворот на Стефан Богоев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривичен ја прифати гаранцијата од 55.000 евра за укинување на притворот на Стефан Богоев
ХРОНИКА

Кривичен ја прифати гаранцијата од 55.000 евра за укинување на притворот на Стефан Богоев

Објавено June 13, 2026 20:43
Сподели
Сподели

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот С.Б. со што се укинува мерката притвор што му беше претходно определена.

Како што соопштуваат од Основниот кривичен суд, Советот постапувал по жалба со понудена гаранција на осомничениот, изјавена против решение на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена.

– Определената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, во корист на Република Северна Македонија, а кој износ се депонира како гаранција за обезбедување на присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката – се наведува во соопштението.

Дополнително, спрема обвинетиот се определени и мерки на претпазливост согласно член 146 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница.

Од Кривичниот суд предупредуваат дека доколку осомничениот не се придржува до определената мерка на претпазливост, судот може да определи други, построги мерки за обезбедување на неговото присуство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Додик ја нарече БиХ пропадната земја
Следна Статија Иран и САД блиску до првичен договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Три лица изнудиле пари од скопјанец, му се заканувале дека ќе го убијат и ќе му ја запалат куќата

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца осомничени за кривично дело – Изнуда од член…

September 20, 2025
ХРОНИКА

Оддал службена тајна: Полициски службеник доби кривична пријава

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран…

June 16, 2025
ХРОНИКА

Голтнал две пакувања дрога кога забележал полицајци

Вчера во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Т.(48)…

November 11, 2024
ХРОНИКА

На гробиштата во Ѓорче Петров се степале за паркинг

На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров…

January 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?