Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп го слави 80. роденден со спектакл пред Белата куќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп го слави 80. роденден со спектакл пред Белата куќа
СВЕТ

Трамп го слави 80. роденден со спектакл пред Белата куќа

Објавено June 14, 2026 15:26
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп денес го прославува својот 80. роденден со несекојдневен настан – UFC борби кои ќе се одржат на тревникот пред Белата куќа. Според германската агенција ДПА, од 20 часот по локално време организацијата UFC ќе приреди седум борби во октагон поставен на јужниот тревник на Белата куќа.

Специјално подготвената арена е опкружена со седишта за повеќе од 4.000 гледачи и покриена со огромна купола. Во блискиот парк Ellipse се одржува и фестивал за навивачи, каде што организаторите очекуваат повеќе од 120.000 посетители.

Иако официјално настанот е дел од програмата за одбележување на 250-годишнината од американската независност, која традиционално се слави на 4 јули, критичарите сметаат дека станува збор за политички и медиумски спектакл поврзан со роденденот на Трамп. Неколку иницијативи безуспешно се обидоа по судски пат да го спречат настанот. Тие тврдат дека на UFC и на нејзиниот претседател долгогодишен сојузник на Трамп, им е овозможено да го користат просторот на Белата куќа за промоција на приватен и профитен спортски настан.

Во меѓувреме, движењето „No Kings“, кое се противи на Трамп, организира паралелни собири низ САД. Наместо класични протести на улиците, поддржувачите се повикани да следат концерт во Њујорк посветен на Првиот амандман на американскиот Устав и слободата на говор, медиуми и јавно собирање. Настанот пред Белата куќа претставува еден од најневообичаените спортско-политички спектакли организирани во американската престолнина во последните години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лентите за М – ТАГ на патарините од полноќ само за електронски тагови
Следна Статија Се ожени пратеникот Сергеј Попов, еве ја неговата избраничка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Царините се поголем проблем за Американците кои јадат хамбургер отколку за Австралија, вели економист

Царините на претседателот Доналд Трамп од 10% на австралискиот увоз ќе ги погоди Американците кои сакаат говедско месо од сојузникот…

April 3, 2025
СВЕТ

САД почнаа да ги наплаќаат новите царини на Трамп од 10%

Американските царински службеници почнаа да ја наплаќаат едностраната царина од 10 отсто на претседателот Доналд Трамп за сите увозни производи…

April 5, 2025
СВЕТ

Напаѓачот на Роберт Фицо осуден на 21 година затвор за тероризам

Суд во Словачка денеска пресуди дека човекот кој минатата година пукаше и го рани премиерот Роберт Фицо е виновен за…

October 21, 2025
СВЕТ

Израел: Се согласуваме на примирје

Владата на Израел утрово потврди дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп.…

June 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?