Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ во среда во Струмица на стадион ќе прослави 36-ти роденден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ВМРО-ДПМНЕ во среда во Струмица на стадион ќе прослави 36-ти роденден
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ во среда во Струмица на стадион ќе прослави 36-ти роденден

Објавено June 14, 2026 19:35
Сподели
Сподели

Премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика сите членови, симпатизери, поддржувачи и сите граѓани да се придружат на големиот народен собир по повод 36-от роденден на партијата на 17 јуни, во 20:00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица.

 

– Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија. Идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи кои ги остваривме како народ – рече Мицкоски во видео пораката објавена на неговиот профил на Фејсбук.

Во овие 36 години, додаде тој, имавме и тешки моменти и големи искушенија. – Имаше периоди кога требаше да се брани државата, кога требаше да се зачуваат националните интереси и кога требаше да се покаже карактер и истрајност. Државата кога беше одземена и требаше да стане повторно ваша. Секогаш кога било најтешко, силата доаѓала од народот. Од граѓаните кои верувале во Македонија и кои никогаш не се откажале од неа – потенцира Мицкоски.

Денес, нагласи премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме напред. – Денес зборуваме за развој, за економски раст, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерна инфраструктура, за подобро образование, здравство и институции кои работат во служба на граѓаните. Ги повикувам сите членови, симпатизери, поддржувачи, сите граѓани кои веруваат во напредокот, во работата и во љубовта кон татковината, да ни се придружат на големиот народен собир. На 17 јуни, во 20:00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица, заеднички да покажеме дека Македонија има сила, има енергија и има народ кој верува во својата иднина. Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија – рече Мицкоски

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Три лица загинаа во бродска несреќа во Хрватска
Следна Статија Волстрит: „Спејс икс“ го подобри расположението, индексите пораснаа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за изборот на народен правобранител: Ако сакаме да одиме напред, не гледам причина зошто решението да не биде изгласано

Премиерот Христијан Мицкоски најавува во периодот што следи средби со пратеници и пратенички групи со цел да се реши прашањето…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Скопје втор најзагаден град во Европа

Скопјани го дишат вториот најзагаден воздух во Европа. Според специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот IQAir, воздухот во…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Безбедноста во Македонија е стабилна

Безбедноста во Македонија е стабилна и во моментов нема закана од воените активности што се одвиваат на Блискиот Исток, изјави…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Законодавецот ги ограничил правата на граѓаните со измените на Изборниот законик

Уставниот суд, со мнозинство гласови, донесе одлука и поведе постапка за оцена на уставноста на членовите 17 и 18 од…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?