Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 40 општини ќе добијат директна поддршка за локален економски развој
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > 40 општини ќе добијат директна поддршка за локален економски развој
ЕКОНОМИЈА

40 општини ќе добијат директна поддршка за локален економски развој

Објавено June 15, 2026 12:39
Сподели
Сподели

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска се обрати на работниот состанок посветен на поддршката за подготовка на плански документи за локален економски развој, организиран во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините.

Во своето обраќање, министерот Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа преку Ресурсниот центар продолжува да развива конкретни механизми за поддршка на општините, со цел јакнење на нивните капацитети и поефикасно извршување на надлежностите.

„Во изминатиот период преку Ресурсниот центар испорачавме повеќе важни алатки и документи наменети за градоначалниците и општинските администрации. Денеска започнуваме нова фаза на поддршка преку групна испорака на стручна помош за подготовка на плански документи за локален економски развој, согласно потребите што самите општини ги идентификуваа“, истакна Перински.

Тој нагласи дека целта на Министерството не е само декларативно да биде партнер на општините, туку преку конкретни активности да придонесе за олеснување на нивната работа и подобрување на локалните политики.

„Локалната самоуправа е самостојна во извршувањето на своите надлежности, но преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме систем во кој знаењето, експертизата и расположливите ресурси ќе бидат ставени во функција на развојот на општините“, порача Перински.

Во рамки на оваа активност, 40 општини ќе добијат стручна поддршка од експертски тим за подготовка на плански документи за локален економски развој, со цел креирање квалитетни и применливи решенија кои ќе придонесат за поттикнување на локалниот економски раст, привлекување инвестиции и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Ресурсниот центар, во рамки на Министерството за локална самоуправа, претставува механизам за обезбедување стручна, техничка и советодавна поддршка за општините, согласно нивните потреби и предизвици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жешко претпладне во Македонија, еве во кој град веќе се измерени над 30 степени
Следна Статија Договорот меѓу САД и Иран драстично ја намали цената на нафтата на светските берзи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ПАРИ: ЖИВОТОТ ПОСКАПЕЛ ЗА 3,3% – храната и угостителството најмногу ги зголемиле цените

По неколку месеци релативна ценовна стабилност, инфлацијата во Македонија повторно забрзува. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во…

June 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Првпат по шест децении се обновува инфраструктурата, ова ќе остане запишано во историјата на Македонија

На увид сме на два значајни проекти. Првиот, кој се однесува на товарниот превоз, срцето на железничкиот сообраќај во Македонија,…

November 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија

Македонија се наоѓа на пресвртница – соочена со предизвици дома, но и со перспектива за членство во ЕУ. Реформската агенда…

May 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Самит на Македонија2025 – Просперитет, технологија, иновации

На 12-ти и 13-ти мај, во хотелот „Мериот“ во Скопје, ќе се одржи 14-то издание на Самитот на Македонија2025. На…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?