Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На пленарна седница помина Предлог-законот за соодветна и правична застапеност – прво читање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На пленарна седница помина Предлог-законот за соодветна и правична застапеност – прво читање
МАКЕДОНИЈА

На пленарна седница помина Предлог-законот за соодветна и правична застапеност – прво читање

Објавено June 15, 2026 19:00
Сподели
Сподели

На пленарна седница попладнево помина Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во прво читање. Од говорница можеа да се слушнат спротивставени мислења, меѓусебни обвинувања, различни толкувања на законските одредби. Пратениците од власта со пофалби, а пратениците од опозицијата со критики.

Пратеникот Беким Ќоку од „Вреди“ рече дека е ова значаен закон. Заснован на пописот, еднакво третирање на сите граѓани, согласно на нивните квалитети.

– Законот гарантира еднакви можности и за помалите заедници, да ги имаат сите права на сите нивоа. Законот ги гарантира правата на граѓаните, рече тој меѓу другото.

Тој ги повика пратениците  да ги стават на страна калкулацииите и да го поддржат овој предлог закон.

Пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ рече дека суштината на овој закон, е разочарувачка.

– Секој граѓанин мора да биде вработен и унапреден според знаење, способност, професионалност и интегритет. Државната администрација не смее да биде партиски плен, ниту етнички пазар, затоа што институциите постојат за да им служат на граѓаните. Потребен ни е систем во кој компетентноста ќе биде услов, но еднаквата можност ќе биде гаранција, порача Битиќи.

Тој подвлече дека овој закон мора суштински да се подобри заради Уставот, заради Охридскиот рамковен договор, заради довербата и заради Македонија како заедничка држава на сите нејзини граѓани.

Претходно, Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците одржа јавна расправа за Предлог – законот за соодветна и правична застапеност, во прво читање кој се носи во редовна постапка. Експерти и пратеници ги изнесоа своите видувања за законот, а дел од нив изнесоа низа предлози за негово подобрување, но исто така и следење на имплементацијата на законот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mуцунски и бугарската министерка се слушнаа по телефон
Следна Статија Maрта Кос ни порача дека и да влеземе во ЕУ 15 години нема да имаме право на вето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, дури и се обидувам да го научам

Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, дури и се обидувам да го научам. Колку повеќе јазици знаете, толку сте…

April 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА USLUGI.GOV.MK Апел од Андоновски до сите млади да се подготват за ваучер за лаптоп или таблет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата „Вести Плус“ на Канал 5, ги повика младите граѓани, особено…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕК го објави извештајот за напредокот за 2024, Македонија најавува посветеност на европскиот пат и продолжување на реформите

Европската комисија вчера го објави „Пакетот за проширување“ за 2024 година, кој вклучува и Извештај за напредокот на земјава на…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

13 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско езеро

Поминаа 13 години од моментот кога Македонија остана во шок од петкратното убиство кај Смилковско езеро на четирите другари и…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?