Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

Објавено June 15, 2026 20:25
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју во централниот дневник на АЛСАТ-М, вели дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ потпишала капитулација со прифаќање на бугарските барања, посочувајќи дека оваа Влада нема да попушти на уцените.

„Јас испраќам генерално три пораки. Првата порака е дека уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема. Политичарите од опозицијата можат да бидат мекото ткиво на македонскиот идентитет и државност, и тоа е она кое што го одбрале. Јас тука не можам ниту да им судам, ниту да давам пофални зборови. Тоа е нивен избор и тоа е патот покој тие одлучиле да одат. Второ, јас сум свесен, апсолутно дека претходната Влада потпишала бел лист хартија која што ние ја нарекуваме капитулација, поради различни интереси. ДУИ имала едни интереси тогаш, СДСМ имала други интереси. Но, она што ги обединува е фактот и желбата и мислата дека ако потпишат бел лист хартија едноставно некој ќе им ја подари победата на парламентарните избори кои што следеа. Очигледно е дека тоа не се случи и тие се сега во длабоко опозиција и во внатрешно дезинтегрирање на структурите и на едната и на другата политичка партија“, истакна тој и додаде:

„И трето, имајќи предвид дека сме реал политичари, ние точно знаеме кој се обврските кои ги презела претходната Влада. Но, исто така точно знаеме кои се обврските кои што некоја претходна Влада на нашиот Источен сосед ги преземала, а тоа е доследно почитување на човековите права преку потпишување и ратифицирање на Резолуцијата за почитување на човековите права. Вие денеска имате 14 пресуди на Судот за човекови права минимум со кои што Бугарија се обврзува да дозволи регистрација на ОМО Илинден – Пирин, таа одбива тоа да го прави. И оваа Резолуција е многу порано пред да бидат прифатени овие услови од претходната капитулантска македонска влада на СДСМ и ДУИ.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР: Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската амбасада
Следна Статија Ги знаете Зеленортските острови, епа тие ремизираа со Шпанија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пациенти од Кочани доживеале непријатности на аеродромот во Истанбул: Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата

Неколку деца од Кочани, преживеани од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кои се враќале од лекување во Турција, доживеале непријатна…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски: Кај секое петто боледување во МВР има злоупотреба

Четири пати полицаец сменил матичен лекар за да вади боледувања. Ова е еден од примерите за злоупотреби во боледувањата во…

March 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура

Драги пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за транспорт, Александар Николоски е новиот експресен пат Чатал…

January 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заврши 17-от„Марш на ангелите“ во Кочани

Заврши 17-от Марш на ангелите во Кочани кој денеска повторно се одржа откако минатата сабота паузираше поради верскиот и државен…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?