Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Браткото на Заев потврди дека не се само уставните измени услов за ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Браткото на Заев потврди дека не се само уставните измени услов за ЕУ
БАЛКАН

Браткото на Заев потврди дека не се само уставните измени услов за ЕУ

Објавено June 18, 2026 13:50
Сподели
Сподели

Лидерот на бугарската ГЕРБ, Бојко Борисов го поздрави усвоениот Извештај за напредокот на Македонија за 2025 година од страна на Европскиот парламент, наведувајќи дека европратениците испратиле јасна порака во поддршка на почитувањето на преземените обврски на европскиот пат на Македонија.

Според него, одлуката на ЕП потврдува дека обидите за заобиколување на договорите меѓу Бугарија и Македонија нема да се толерираат.

„Со својот глас, европратениците од сите групи јасно ставија до знаење дека злоупотребата на европските правила и договори нема да се толерира“, објави поранешниот бугарски премиер на Фејсбук

 

.

Борисов се пофали дека по потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година ГЕРБ одигра клучна улога во враќањето на европската перспектива на Македонија во 2022 година, кога беше договорен таканаречениот европски консензус.

„Благодарение на мнозинството што нашата парламентарна група им го обезбеди на тогашните владетели, Националното собрание ја усвои декларацијата во која јасно се наведени параметрите што подоцна станаа основа за договорениот компромис меѓу Брисел и Скопје. Во оваа смисла, нападот врз Вториот протокол кон Договорот за пријателство и добрососедство беше несоодветен и контрапродуктивен. Поради оваа причина, мило ми е што мнозинството европратеници категорично изјавија дека договорите мора да се почитуваат и дека ќе се спречат обиди за нивно заобиколување преку процедурални трикови“, објави тој.

Борисов нагласи дека бугарската позиција останува непроменета.

„Бугарите мора да бидат вклучени во Уставот на нашиот западен сосед, за да може да го почне својот суштински процес на преговори. За да продолжат овие преговори и Договорот за пријателство и добрососедство и сите негови протоколи мора строго да се спроведуваат, како што всушност е предвидено во европската преговарачка рамка. Сè друго ќе наиде на недоразбирање и широк институционален и јавен отпор, и во Бугарија и во Европа“, порача Борисов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали има бојкот за Роналдо во португалската репрезентација?
Следна Статија Радев на иста линија со Филипче: Потребни се уставни измени и спроведување на вториот протокол

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Црна Гора е светски лидер по бројот на милионери кои се доселиле од други земји

Во светот на најбогатите се случува историска промена – оваа година околу 142 илјади милионери планираат да се преселат, напуштајќи…

August 10, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот!

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи порача дека тужбата за клевета, како што наведува, „нема да…

February 25, 2026
БАЛКАН

Од 1 јануари минималната плата во Хрватска ќе биде 750 евра

Износот на минималната нето плата во Хрватска од 1 јануари следната година треба да се зголеми за 80 евра, од…

October 19, 2024
БАЛКАН

Дачиќ: Интерпол се уште нема издадено потерници за Додик и Стевандиќ, тие се српски државјани

Српските власти реагираа попладнево откако Судот на Босна и Херцеговина побара издавање потерница од Интерпол за Милорад Додик, претседател на…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?