На стартот од новата сезона во Премиер лигата на 21. август (петок) првакот Арсенал на домашен терен го пречекува повратникот во најквалитетното англиско натпреварување Ковентри, екипа која ланската сезона ја освои титулата во Чемпионшип.
Уште еден од повратниците во лигата има за противник повеќекратен првак, Хал е домаќин на Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од саботната програма, додека на другите дуели двојките се: Евертон – Кристал Палас, Ипсвич – Сандерленд, Нотингем Форест – Лидс и Брентфорд – Тотенхем.
Во недела ќе играат: Брајтон – Астон Вила, Манчестер Сити – Борнмут и дербито на колот меѓу Њукасл и Ливерпул. Првото коло ќе биде комплетирано со натпреварот меѓу Фулам и Челзи.
Последното коло ќе се игра на 30. мај 2027 година
