Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поддржувачите на Трамп: Подготвени сме, нема да дозволиме двапати да се крадат изборите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Поддржувачите на Трамп: Подготвени сме, нема да дозволиме двапати да се крадат изборите
СВЕТ

Поддржувачите на Трамп: Подготвени сме, нема да дозволиме двапати да се крадат изборите

Објавено November 4, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, ја посети една од последните станици на предизборната турнеја, Северна Каролина. Таму се сретна со многу луѓе што имаат намера да гласаат за него, а повеќето од нив воопшто не се сомневаат во победата на Трамп.

Вики Вестбрук, 55-годишна мајка на пет деца и баба на два внука, изјавила дека Камала може да победи на изборите само со мамење, пренесува „Гардијан“. Таа изрази и уверување дека токму така Бајден победил на претходните избори поради што републиканците се бесни.

„Дојдовме до точка кога повеќе нема да го толерираме тоа. Републиканците нема да дозволат двапати да се крадат изборите“, рече Вестбрук. Тоа мислење го делат многумина, а во медиумите сè повеќе се слушаат оправдани стравувања за тоа што ќе се случи и како ќе реагираат републиканците доколку Камала навистина победи.

На прашањето дали ќе реагира бурно доколку не е задоволна од резултатите на изборите, Вики Вестбрук изјави дека не ја сака портокаловата боја и не може да си дозволи да оди во затвор со оглед на тоа што има деца. Сепак, таа е убедена дека меѓу нејзините политички истомисленици има многу луѓе што нема толку љубезно да го прифатат поразот на нивниот кандидат.

Со нив се согласува и самиот Трамп, кој вчера им порача на приврзаниците собрани во Пенсилванија дека и пред четири години не требало да ја напушти Белата куќа, туку, наместо тоа, реагирал на неправдата.

И другите собрани на митингот во Северна Каролина го делат мислењето на Вестбрук, па 38-годишниот Афроамериканец Седрик Пернес потврди за „Гардијан“ дека е убеден оти ќе има масовни немири и протести доколку Трамп загуби.

Очекувањата на републиканските гласачи се големи, а Трамп упорно тврди дека има голема предност на анкетите, иако медиумите со недели тврдат дека трката ќе биде тесна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пензионирани полицајци одавале службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец
Следна Статија Не сакам да коментирам приватни работи, одговори Филипче на прашањето дали бил на забава во Дубаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

НОВ РЕКОРД: Во ЕУ живеат 450,4 милиони луѓе, еден милион повеќе од минатата година

Европската Унија моментално има 450,4 милиони жители, 1.070.702 повеќе од претходната година, што претставува четврта година по ред во која…

July 13, 2025
СВЕТ

Судот го критикува обидот на Министерството за одбрана да го казни Марк Кели

Судија забележа дека можните ограничувања на слободата на говор се прошируваат надвор од активните војници

February 5, 2026
СВЕТ

Затворени гласачки места во Унгарија, урнати се рекорди за излезност

Во Унгарија во 19 часот се затворија гласачките места каде можеше да се гласа на паралментарните избори. Претседателот на државата,…

April 12, 2026
СВЕТ

ВИДЕО: Уапсен најбараниот наркобос во Еквадор, се криел во бункер под кујната

Најбараниот бегалец во Еквадор, Хозе Адолфо Масијас, познат и како Фито, е повторно фатен повеќе од една година откако избега…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?