Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пензионирани полицајци одавале службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пензионирани полицајци одавале службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец
ХРОНИКА

Пензионирани полицајци одавале службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец

Објавено November 4, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК ноќеска ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во која три лица се лишени од слобода и против кои е донесена наредба за спроведување на истражна постапка. Осомничените во периодот од декември 2019 година до март 2021 година извршиле кривично дело Злосторничко здружување и продолжено кривично дело Оддавање на службена тајна, дополнително прво и третоосомничениот сториле и кривично дело Попречување на правдата, а на првоосомничениот му се става на товар и кривичното дело Противправно стекнување и прикривање имот.

-Осомничените, од користољубие, се поврзале со организираната криминална група „Дуќанџик“ од с.Грчец и како припадници со посебна улога, поттикнати со умисла од првосомничениот во предметот „Грчец“, пренесувале службени информации. Во наведениот период осомничените од кои двајца поранешни главни инспектори за имотни деликти, односно недозволена трговија со дрога, преку третоосомничениот за криминалната група прибавувале, пренесувале и споделувале информации за постапки што се од значење за јавната безбедност, како и за безбедносни и разузнавачки активности на државните органи. За ваквото неовластено откривање со кое предизвикале штета во работењето и ефикасноста на истражните органи и органите на прогонот и го отежнувале или оневозможувале обезбедувањето на доказите, осомничените добивале награда, информираат од Обвинителството.

Според содржината на наредбата за истрага осомничените, заедно или поединечно, со информациите што ги споделувале, го отежнале докажувањето во кривичните постапки и тоа:

– за кривично-правен настан случен во декември 2019 година, секој посебно заканувајќи се дека повторно ќе биде нападнат тој или членовите на неговото семејство, влијаеле врз оштетен – жртва на обид за Убиство по нарачка, а сега починат, да ја смени изјавата дадена пред овластени полициски службеници;

– за Убиство во месец август 2020 година осомничените споделиле значајни информации за криминалната група;

– во текот на втората половина од 2020 година осомничените споделувале службени информации за примена на посебни истражни мерки за тогаш актуелно криминалистичко истражување под кодно име „Планина“ во кое беа опфатени лица од оваа организирана група;

– за кривично – правен настан случен во септември 2020 година во кој петмина беа осомничени за кривично дело Грабнување биле пренесени информаци за обезбедените докази и изјави на сведоции задржани лица;

– за двојното убиство од март 2021 година во Скопје за кое биле пренесени информации кој е задржан во полициска станица, кои активности се преземаат и кои службени лица се вклучени во криминалистичкото истражување.

Првично обезбедените материјални докази за првоосомничениот упатуваат дека тој и членовите на неговото семејство поседуваат недвижен и движен имот и штедни влогови, што во големи размери ги надминуваат неговите законски приходи како полициски службеник

Осомничените денес ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје на кој јавниот обвинител ценејќи дека се исполнети условите ќе му предложи да им биде определена мерката притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити
Следна Статија Поддржувачите на Трамп: Подготвени сме, нема да дозволиме двапати да се крадат изборите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Предмалку ново пукање во Чаир

Куршуми повторно летаа во скопски Чаир, овојпат во паркот. Од МВР го потврдуваат инцидентот и засега даваат информација за само…

December 2, 2024
ХРОНИКА

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајката молчела поради љубовна врска со него

Шокантен и исклучително вознемирувачки случај на сексуално насилство и семејно прикривање ја згрози јавноста во тетовскиот регион. Како што пренесуваат…

May 29, 2026
ХРОНИКА

Две лица од Трубарево фатени како палат кабли во Аеродром

На 28.09.2025 во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Аеродром ги лишија од слобода Т.М.(23) и…

September 29, 2025
ХРОНИКА

Партизанска три часа беше блокирана по верижниот судир кај „Влајко“

Сообраќјот по булеварот „Партизански одреди “ кај населбата Влае, сѐ уште се одвива отежнато по верижниот судир попладнево, објави „Нетпрес“.Околу…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?