Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати
ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати

Објавено June 20, 2026 17:00
Сподели
Сподели

Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати. Вака опозициската СДСМ ја коментира денешната најава на премиерот дека списокот за реконструкција на Владата ќе биде готов до 1 јули. Од партијата обвинуваат дека премиерот континуирано поставува нови рокови за да го прикрие неисполнувањето на претходните ветувања.

Според СДСМ, пред само неколку недели Мицкоски тврдел дека до 1 јуни ќе бидат исполнети клучните реформи во државата, но тој рок поминал без никакви резултати, без објаснување и без преземање одговорност.

„Сега, наместо да одговара за неисполнетите реформи, Мицкоски нè префрла на нов рок – 1 јули за реконструкција на Владата, како да е тоа најважното прашање во моментов. Прашањето е: Кој ќе одговара што реформите до 1 јуни не беа исполнети? Кој ќе сноси одговорност за тоа што Македонија и понатаму стои блокирана на европскиот пат?“,прашуваат од СДСМ.

Опозицијата ја оценува најавената владина реконструкција како обична шминка и ја нарече „преуредување на фотелји во рамките на истата неуспешна политика“.

Од партијата потенцираат дека кадровските промени во извршната власт нема да донесат суштински промени бидејќи тие не ги решаваат реалните проблеми на граѓаните, не ги зголемуваат платите, не ги намалуваат цените, не ги враќаат младите во државата и не ја отвораат вратата кон Европската Унија.

„Мицкоски веќе две години функционира на принципот ‘од први до први’. Секогаш има нов рок за нешто ново, а никогаш нема резултати – само лажни ветувања. Граѓаните повеќе не веруваат во неговите рокови, тие сакаат резултати, кои ги нема, ниту ќе ги има со оваа криминална група и тендер-коалиција“,се додава во партиското соопштение на СДСМ.

Реакцијата на СДСМ доаѓа откако денеска премиерот Христијан Мицкоски рече дека најдоцна до 1 јули се очекува списокот со новиот владин кабинет да се најде пред пратениците во Собранието и оти очекува процесот за реконструкција на Владата во првиот ешалон да се формализира до крајот на овој месец.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Давам два Роналдо за еден Меси: Размена на сликички во Градскиот парк
Следна Статија Oрганизаторот на атентатот врз Ѓинѓиќ се уште нема право на љубовна соба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина во Кривогаштани истакна дека СДСМ секогаш стоела на страната на граѓаните, додека…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот

ЗНАМ излегува со утврдени, континуирани резултати со преку 800-тини проекти во изминативе осум години, Куманово заслужува да продолжи да се…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Петровска: Во СДСМ мора да има одговорност, но сега не е моментот за оставки

Пратеничката и членка на СДСМ, Славјанка Петровска, вечерва изјави дека по резултатите од локалните избори, во партијата мора да има…

November 2, 2025
ПОЛИТИКА

Митевски најави гасна централа и зајакнати инспекции во општина Аеродром

Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Студио 10 на телевизија 24. Митески…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?