Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите
ЗДРАВЈЕ

Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

Објавено June 20, 2026 17:04
Сподели
Сподели

Институтот за јавно здравје попладнево соопшти дека во земјава е регистриран прв случај на Зика вирусна инфекција во земјава. Ризикот за населението во моментов се оценува како низок

-На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција – соопшти Институтот за јавно здравје.

Како што наведуваат оттаму, пациентот е контактиран од страна на надлежен епидемиолог при што се предложени соодветни превентивни мерки.

ИЈЗ информира дека според добиените епидемиолошките податоци заболеното лице во периодот од 20-28.05.2026 година престојувало на Малдиви. За време на престојот, пациентот дава податок за каснување од комарец. Веднаш по враќањето се јавил на преглед на КИБФС каде било поставено сомневање за денга.

-Првите знаци на болеста се јавиле на 24.05.2026 година со треска, болки по телото-мускулите и зглобовите, лесно покачена температура, за подоцна по четири дена да се појави и ситен, густ осип. Пациентот бил прегледан во КИБФС, а направени се и лабораториски испитувања за денга, зика и чикунгуња во Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Согласно резултатите од микробиолошкото испитување, добиен е позитивен серолошки и молекуларен наод за зика – стои во соопштението на ИЈЗ.

Се посочува дека пациентот не бил хоспитализиран, пратен е на домашно лекување и во моментот е во добра општа состојба.

– Иако станува збор за импортиран случај, поради интензивниот меѓунаредон транспорт и се поголемите трендови за патувања во тропски туристички дестинации како Малдивите, Тајланд, Индонезија, Бразил, Карипскиот регион и други подрачја каде што има документирана циркулација на вирусот Зика, реално постои можност за појава на нови импортирани случаи. Дополнителен фактор на ризик претставува широката распространетост на комарецот Aedes albopictus (азиски тигрест комарец) во повеќе европски земји, кој е потенцијален вектор за пренос на вирусот Зика – нагласуваат од ИЈЗ.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) континуирано регистрира патнички асоцирани случаи на Зика кај лица кои се инфицирале за време на престој во ендемски подрачја. ECDC ги следи токму овие „travel-associated“ случаи, а WHO укажува дека присуството на Aedes albopictus во делови од Европа создава потенцијал за локален пренос доколку вирусот биде внесен од инфициран патник.

Постои можност за понатамошно пријавување на нови случаи во периодот на активност на комарците за лицата кои патуваат во зафатените региони и ризикот за овие лица се проценува како низок до среден.

– Ризикот за населението во РСМ во моментов се оценува како низок. Ризикот може значително да се намали со спроведување на препорачаните превентивни мерки за заштита од убоди од комарци и придржувањето кон препорачаните превентивните мерки и совети – додава Институтот.

Зика вирусната болест е акутна вирусна инфекција предизвикана од вирусот Зика, арбовирус од родот Flavivirus и фамилијата Flaviviridae. Болеста најчесто се пренесува преку убод од инфицирани комарци од родот Aedes, кои се активни претежно во текот на денот, најзастапени во тропските и суптропските региони, но можно е пренесување и по сексуален пат, вертикално од мајка на плодот за време на бременоста, како и преку трансфузија на крв.

Инкубацијата на болеста вообичаено трае 3-14 дена. Клиничката слика главно е лесна и се карактеризира со симптоми кои вообичаено траат 2-7 дена, иако најголем процент од инфицираните лица (окулу 80 отсто) не развиваат симптоми. Од симптоми најчесто се јавуваат: осип, покачена телесна температура, конјунктивитис, главоболка, мијалгии и артралгии.

Инфекцијата со вирусот Зика за време на бременоста може да предизвика раѓање на бебиња со микроцефалија и други конгенитални малформации, како и да предизвика предвремено породување и спонтан абортус, може да биде поврзана и со синдромот Guillain-Barré, невропатија и миелитис кај возрасни и деца, од што произлегува и јавно-здравственото значење на оваа болест. Конгенитални малформации се јавуваат и по симптоматска и по асимптоматска инфекција. Овие симптоми се вообичаени за други арбовирусни и неарбовирусни заболувања; затоа, дијагнозата на инфекција со вирусот Зика бара лабораториска потврда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Железница привремено ги укинува возовите поради „Градски воз“
Следна Статија Иран повторно го затвори Ормускиот теснец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

МЗ: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија

Министерството за здравство попладнево информираше дека прави максимални напори за обезбедување на потребната терапија за пациентите со ретки болести, дека…

April 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот, велат од ИЈЗ

Институтот за јавно здравје врши следење на физичко хемиски својства во почва и вода и врши мониторинг на зрачење (радијација)…

September 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Докторка од Италија која го лекувала младиот Симон Крстев, повреден во пожарот во Кочани, дојде во Штип да го посети (ФОТО)

Сузана Езпосито (Susanna Esposito), директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница во Парма, Италија, каде што се лекувал штипјанецот Симон…

April 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Руски научници развија нови препарати за дијагностицирање и лекување агресивни тумори во мозокот

Руски научници развија нови препарати за дијагностицирање и лекување на глиом, еден од најагресивните форми на тумори во мозокот, објави…

June 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?