Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Тетово на Албанците нема повторно да стане Тетово на Маршал Тито
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Тетово на Албанците нема повторно да стане Тетово на Маршал Тито
ПОЛИТИКА

ДУИ: Тетово на Албанците нема повторно да стане Тетово на Маршал Тито

Објавено June 20, 2026 21:56
Сподели
Сподели

Баналните оправдувања и очајните обиди да се релативизира одлуката со која се враќаат имиња од југословенскиот период на улиците, плоштадите и мостовите во Тетово, зборуваат повеќе од која било јавна изјава на ВЛЕН, реагираат од опозициската ДУИ.

„Некој може да има носталгија кон Јосип Броз Тито. Некој можеби му посветувал пофални песни и бил наградуван за тоа. Тоа е прашање на лични убедувања. Но носталгијата за Тито треба да остане во личните албуми, а не на таблите со имињата на улиците во Тетово. Тетово не е сопственост на носталгичарите по Југославија. Тетово е град со свој идентитет, своја историја, свои личности и свои вредности. Имиња како Илирида, Дервиш Цара, Kongresi i Manastirit и други личности и настани од албанската историја не можат да бидат заменети со симболи на едно минато време кое Албанците одамна го надминале. Позагрижувачка од самата одлука е тишината на ВЛЕН. Тие што денес управуваат со Тетово и имаат свои претставници во Владата не можат да се кријат зад процедурални оправдувања. Граѓаните заслужуваат јасни одговори“, велат од ДУИ.

Од партијата поставија неколку прашања до градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

„Затоа, јавно му ги поставуваме следните прашања на градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами:

Дали Општина Тетово била контактирана од Уставниот суд во врска со овој предмет?
Кој бил официјалниот став на општината во текот на постапката?
Дали имало официјална или неофицијална комуникација со Уставниот суд?
Каква била улогата на претставниците на ВЛЕН во Владата?
Каков став зазела Владата пред Уставниот суд во однос на имињата усвоени во 2007 година?

Албанците во Тетово имаат право да знаат кој молчел, кој се согласил и кој дозволил идентитетот на градот да биде ставен на удар. Не ги потценувајте граѓаните. Не ја сметајте нивната трпеливост за слабост. Тетово нема да се врати во времето на Маршал Тито, а Албанците нема тивко да прифатат укинување на своите достигнувања. И трпението има граници“, стои во соопштението на ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведено момче кое прегази тригодишно девојче на велосипед во Визбегово
Следна Статија (ВИДЕО) Срамота: Деца вандали превртуваат контејнери и уништуваат опрема во Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Савески: Предметот „Мазут“ е во Вишото јавно обвинителство

Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со…

June 11, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Филипче: Македонија доби најмногу пари од ЕУ за Реформската агенда

Лагите се специјалност на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, за тоа им нема конкуренција по којзнае кој пат по…

June 1, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Катевеновски бил разрешен од функција затоа што не ги исполнил нарачките на Заев, СДС и ДУИ

Секојдневно пред очите на целокупната јавност излегуваат сведоштва за злоупотреба на институциите, притисоци и уцените за време на владеењето на…

February 21, 2026
ПОЛИТИКА

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница

Собранието денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни…

June 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?