Вардар и официјално се враќа во Лигата на шампиони. ЕХФ потврди дека македонскиот првак е еден од тимовите кои доби вајлд-карта за да биде дел од најелитното европско клупско натпреварување.
Вардар оваа информација ја најави со специјално видео, во кое прво Милан Лазаревски вели дека е време за одмор кој е сосема заслужен, но потоа доби повик од тренерот Иван Чупиќ, кој пак му вели дека одморот е завршен….
