Возиња e херојот на Зеленортските острови, но тој беше тажен што неговата мајка не успеаа да допатува на Светското првенство поради финансиски причини и проблеми со визата.
Сепак вчера неговата мајка пристигна во Мајами, а нивната прва средба беше исполнета со емоции што не можеа да се сокријат. Прегратката меѓу мајката и синот ја забележаа и камерите, создавајќи една од најемотивните сцени на турнирот – момент во кој зборуваше емоцијата. Таа синоќа против Уругвај беше најголема поддршка за синот.
