Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во битолското земјоделско училиште – запишани само три ученици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Во битолското земјоделско училиште – запишани само три ученици
Blog

Во битолското земјоделско училиште – запишани само три ученици

Објавено June 23, 2026 13:11
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува по завршувањето на вториот уписен рок речиси целосно да се пополни бројот на ученици предвиден за запишување во средните училишта во државата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска информираше дека во првиот уписен рок биле запишани околу 14.500 ученици, а во текот на денешниот втор уписен рок се очекува дополнително да бидат запишани уште околу 2.000 ученици.

Осврнувајќи се на состојбата во земјоделското училиште во Битола, министерката рече дека, и покрај реакциите во јавноста, предвидувањата на Министерството се покажале како точни.

„Во моментов има запишано само три ученици во прва година во земјоделското училиште во Битола. Сметам дека требаше да има поголема ажурност од страна на училиштето во привлекувањето и промоцијата пред деветтоодделенците“, изјави Јаневска.

Таа нагласи дека согласно законските прописи не може да постои паралелка со само тројца ученици, поради што од следната учебна година земјоделската струка ќе биде префрлена во Регионалниот центар во Битола.

Според министерката, учениците што годинава се запишале ќе бидат пренасочени во друга струка, додека постојните ученици од втора, трета и четврта година ќе продолжат да ја следат наставата како и досега.

Јаневска потенцираше дека не станува збор за згаснување на земјоделската струка, туку само за нејзино преместување во Регионалниот центар, каде што, како што рече, се инвестирани значителни средства.

Струката нема да се затвори. Не се затвора ниту училиштето како објект, туку само наставата по оваа струка ќе се реализира во Регионалниот центар“, истакна министерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарска работа: Бугарија ја поставила плочата за Гоце Делчев во Баница без дозвола од локалните грчки власти
Следна Статија Мицкоски: Блиску сме до решение за Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прежде чем скачать Pin-Up Казино, изучите лицензии его операторов

Прежде чем скачать Pin-Up Казино, изучите лицензии его операторовПеред тем как скачать приложение Pin-Up Казино, критически важно проверить лицензии операторов…

February 28, 2026
Blog

Прада сака да го купи Версаче

Модните трендови имаа различни влијанија врз бизнисот на две италијански куќи кои наскоро би можеле да станат една. Преговорите за…

January 12, 2025
Blog

Си-Ен-Ен подготвува повеќе од 200 отпуштања

Американскиот информативен канал CNN објави дека отпушта околу 6 отсто од вкупниот персонал, или околу 210 вработени, бидејќи го рефокусира…

January 26, 2025
Blog

Кина и Русија се најголемите производители на злато во светот

Златото привлекува се поголемо внимание кај светските медиуми, а во текот на изминатата година неговата цена се зголеми за речиси…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?