Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ПИОМ е узурпиран и во катастрофална состојба со над 400 тужби од вработените и кривични против претходни директори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ПИОМ е узурпиран и во катастрофална состојба со над 400 тужби од вработените и кривични против претходни директори
ЕКОНОМИЈА

ПИОМ е узурпиран и во катастрофална состојба со над 400 тужби од вработените и кривични против претходни директори

Објавено November 4, 2024 18:09
Сподели
Сподели

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) функционира со 491 вработен од 950 планирани работни места или со 50 отсто од капацитетот. Целосно е узурпиран во последните 15 години, деградиран е и се наоѓа во катастрофална состојба од неколку апскети. Има и кадровски дисбаланс. Филијалите во западна Македонија се над 90 отсто пополнети со кадар, а во Битола, Прилеп, Велес, Струга, Штип, Струмица, Гевгелија, има помалку од потребниот број вработени за минимум функционирање на филијалите, рече денеска директорот на оваа институција, Никола Мемов.

Тој обелодени и дека се издадени голем број овластувања за прераспределувања на вработените на несоодветни работни места што резултирало со над 400 тужби против ПИОМ од вработените.

Поднесени се и кривични пријави против претходни дриектори, а бил спроведуван и проект за фотонапонска централа вредна 200 000 евра без претходно да се обезбеди лиценца за продажба на струјата. За проектот, Мемов, како што истакна, веќе дал наредба да се стопира.

-Побаравме согласнот од Министерството за финансии за вработувања со договор на дело, во секој град да има миним услови за решавање на барањата за остварување на правото на пензии. Засега работиме со постојните ресурси, нема промена во раководниот кадар. Направивме прераспоредување во Битола и Велес и веќе има видливи резултати. Одземени се сите овластувања за обезбедување соодветно работно место за тие вработени кои се несосодветно распределни. Финансиски е веројатно исто како во другите институции, постапките за завршени, договорите се реализирани до јуни и средствата се потрошени, остануваме без средства до крајот на годината, рече Мемов на настанот Платформа: 100% посветени за тебе – „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“ што го организира Владата.

Директорот најави модернизација и трансформација на Фондот особено во насока на многу поголема транспарентност. Рече дека институцијата ќе гарантира исплата и остварување на права на пензии во законските рокови од 30 и 60 дена. Секој што ќе поднесе барање за пензија, за 30 дена ќе мора да добие, подвлече Мемов.

Според него, само за октомври – од 1 893 барања со заостанати од претходните месеци, решени се 2 566 предмети, а активни остануваат уште 2 500 барања.

-Секој месец има нови барања. Буџетот е 135 милијарди денари или 2,2 милијарди евра од кои 1,7 милијарди се за исплата на пензиите, 180 милиони евра се планирани трансфери по основ на здравствено осигурување на пензионерите и околу 250 милиони евра трансфери во Вториот пензиски столб. Клучната цел на ПИОМ е да се зголеми транспарентноста кон осигурениците и крајните корисници на пензиите. Јавноста засега нема никаква достапност или какви било информации, мора лично да дојде во Фондот за да извади листинг за стаж. Во план ни е да се направи нов систем за транспрентост, сигурност на базите на податоци и достапност на сите услуги преку веб сервис, потенцира дикректорот и додадека дека во ПИОМ има преку 170 деловни процеси што треба да функционираат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година
Следна Статија (ВИДЕО) Српскиот министер за градежништво Горан Весиќ поднесе оставка по трагедијата во Нови Сад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Граѓаните заслужуваат да возат по модерни, брзи и безбедни патишта

Не е доволно само постојано да говориме за важноста на Коридорот 8 и за поврзувањето на државата со регионот, туку…

May 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра

Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра, истакна во Охрид при посетата на „Костал“, вицепремиерот…

February 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Saks Fifth Avenue ќе го затвори локалот во Canal Place

Saks Global планира да затвори девет продавници ширум земјата поради недоволна профитабилност.

February 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Светска банка назначи нова директорка за Косово и Македонија

Светската банка ја назначи Карол Межеван за нова директорка за Косово и Македонија, започнувајќи од 1 јули 2025 година. Во…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?