Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Вартоломеј, еве што не треба никако да работите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Вартоломеј, еве што не треба никако да работите
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Вартоломеј, еве што не треба никако да работите

Објавено June 24, 2026 09:49
Сподели
Сподели

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава, во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар.

Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на Сонцето. Имено, се верува дека на овој ден Сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во Сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Денеска на 24-ти јуни, православните вреници го слават празникот на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава.

Светиот апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте големи апостоли. Се чини дека Вартоломеј и Натанаил се една иста личност. Имено, Натанаил се споменува како една од дванаесетте во Јовановото евангелие, додека во другите евангелија се спомнува Вартоломеј. Заедно со апостолот Филип и неговата сестра, Дева Марија – и извесно време со Свети Јован Богослов – го проповедаше Евангелието најпрво во Азија, потоа во Индија и, конечно, во Ерменија, каде што го заврши мачеништвото.

Светиот апостол Варнава е еден од Седумдесеттите. Роден е во Кипар од богати родители од племето Леви и учел со Саул во Гамалиел. Неговото име прво било Јосиф, но апостолите го нарекоа Варнава, Син на утехата, затоа што можеше да ги утеши човечките души извонредно.

На овој голем празник, се забранува секаква работа на поле. Се претпоставува дека доколку работите на овој ден, ви се заканува поплава, град или олуја. Луѓето велат дека децата не треба да се качуваат на дрвја, за да не им се скрши вратот, и забрането е капење во реките. Свети Вартоломеј е светец кој ги чува земјоделските култури и строго се грижи дека никој не ора. Се верува дека Вартоломеј не им простува на неверниците кои работат денес, поради што ризикуваат да ги загубат сите нивни култури.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туристите заглавени на Евзони: Гром удри директно на граничниот премин
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ се прости од Илиевски: Секогаш беше меѓу народот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето

Денес, 13 ноември, Скопје одбележува 81 година од своето ослободување – еден од најзначајните датуми во историјата на македонската престолнина.…

November 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Валандово, почувствуван и во Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонскиот идентитет нема повеќе да биде распродаван

Македонскиот идентитет нема простор повеќе да биде распродаван, а овие мекотелни политичари, кои се дел од мекото ткиво на македонскиот…

April 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бог се јави- навистина се јави: Денеска е Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?