Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: До 30 јуни истекува рокот за првите пријави за минималниот глобален данок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: До 30 јуни истекува рокот за првите пријави за минималниот глобален данок
ЕКОНОМИЈА

УЈП: До 30 јуни истекува рокот за првите пријави за минималниот глобален данок

Објавено June 24, 2026 14:06
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува засегнатите даночни обврзници дека на 30 јуни 2026 година истекува рокот за поднесување на првите даночни пријави за 2024 година согласно Законот за минимален глобален данок на добивка и Правилникот за начинот на пресметување и наплата на дополнителниот данок на добивка.

Како што соопшти УЈП, Законот предвидува мерки со кои се обезбедува минимално ефективно оданочување на добивката на мултинационални групи на компании и големи домашни групи, со минимална даночна стапка од 15 проценти.

Законот се однесува на составни субјекти со седиште во државата кои се дел од мултинационални или големи домашни групи, чиј годишен приход во консолидираните финансиски извештаи на крајната матична компанија во најмалку две фискални години во периодот од 2020 до 2023 година изнесувал најмалку 750 милиони евра.

Според законските одредби, минималното ефективно оданочување се обезбедува преку три механизми: правилото за квалификуван домашен дополнителен данок, правилото за вклучување на добивката и правилото за помалку оданочена добивка.

УЈП информира дека засегнатите даночни обврзници најдоцна до 30 јуни треба електронски да достават известување за субјектот назначен за поднесување на Пријавата за информации за дополнителен данок, како и Пријава за квалификуван домашен дополнителен данок (образец КДДД/П).

Известувањето е достапно на веб-страницата на УЈП, а пополнетиот образец треба да се испрати електронски на адресата Kontakt_Centar@ujp.gov.mk.

Дополнително, до 30 јуни треба да се поднесе и Пријавата за информации за дополнителен данок преку системот е-Даночни услуги, во делот „Извештај за глобален данок“.

Пријавата за квалификуван домашен дополнителен данок (КДДД/П) се поднесува најдоцна до 30 јуни, додека Пријавата за дополнителен данок (ДДД/П) треба да се достави најдоцна до 30 јули 2026 година.

Од УЈП посочуваат дека даночните пријави мора да се поднесат и во случај кога пресметаниот данок за плаќање изнесува нула.

Рокот за плаќање на квалификуваниот домашен дополнителен данок е 30 јули 2026 година, додека дополнителниот данок на добивка треба да се плати најдоцна до 30 август 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче
Следна Статија Зајкова: Владејачкото мнозинство наместо за граѓаните, повторно реши да одработи за банките

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Собранието го донесе Буџетот за 2025-та

Собранието во рамки на 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Побезбедно патување со рехабилитација на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска присуствуваше на отпочнување на градежни активности за рехабилитација на обиколницата кај Крива…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

До 10.000 евра за сопствен бизнис: Oбјавен e огласот, a аплицирањето е до 3 јули

Агенцијата за вработување објави јавен оглас за програмата „Самовработување“ за 2026 година, преку која невработени млади лица до 29 години…

June 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

Увозници го тарифирале месото со пониски царински стапки за да избегнат плаќање давачки

Во пет случаи при контроли на увоз на месо е остварена дополнителна наплата од 11 милиони денари или 178,9 илјади…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?