Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Директорот на БЈБ Јанев на генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Директорот на БЈБ Јанев на генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка
МАКЕДОНИЈА

Директорот на БЈБ Јанев на генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка

Објавено November 4, 2024 18:50
Сподели
Сподели

Во Глазгов, Шкотска – Обединетото Кралство денес започна четиридневното Генерално Собрание на ИНТЕРПОЛ кое ќе трае до 07.11.2024 година, на кое македонската делегација ја предводи Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Генералното Собрание беше отворено од страна на Премиерот на Обединетото Кралство, Кер Стармер.

Во текот на Генералното Собрание ќе се дискутираат теми кои се од витално значење за меѓународната полициска соработка која се спроведува преку ИНТЕРПОЛ, најголемата светска полициска организација со 196 држави членки ширум светот.

Темите опфаќаат нова генерација на полициски капацитети за размена на информации во борбата против тероризмот, организираниот криминал, сајбер криминалот и борбата против финансискиот криминал и корупцијата. Од огромно значење е и размената на биометриски податоци, вештачката интелигенција и иднината на полициското работење, како и поврзување на полициите преку глобално партнерство.

Во текот на Генералното Собрание ќе биде избран новиот Генерален Секретар на ИНТЕРПОЛ, кандидатот од Бразил, г.Валдеси Уркиза, како и останати членови на Извршниот Комитет на Организацијата.

Во текот на првиот ден од Генералното Собрание, македонската делегација оствари средба со делегацијата од Колумбија, на која беше договорено започнување на постапка за потпишување на Договор за соработка на полето на размена на информации и учество во заеднички истраги против трговијата со дрога и другите форми на организиран криминал, како и со делегациите од Обединети Арапски Емирати, Јужна Кореја, Турција и Франција, со кои беа дискутирани важни прашања за продлабочување на билатералната соработка со овие држави, во насока на зголемување на размената на информации за сите области на криминал, имплементирање на софистицирани методи, алатки и напредни технологии при постапувањето на полицијата, а воедно се дискутираше и за предизвиците со кои се соочуваат полициските служби во дигитален свет во кој денес живееме.

Македонската полиција ја етаблираме во рамноправен партнер за соработка во глобални рамки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доказите биле обезбедени од апликацијата Скај: Уапсени двајца полицајци кои оддавале службени тајни на „Дуќанџик“
Следна Статија Би-Би-Си: Десет причини зошто и Трамп и Харис би можеле да победат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гаши излезе од болница

Претседателот на Собранието, Африм Гаши по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска апелираше граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции во апликации и информира дека досега…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Еврокомесарката Марта Кос: Длабоко сме натажени од трагичниот пожар во Кочани

Марта Кос, еврокомесарката за проширување изрази „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и упати сочувство за жртвите. – Длабоко сме…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

АлсатМ: Судскиот совет донесе одлука за утврдување одговорност за судијата Пајазит Пајазити

АлсатМ неофицијално дознава дека Судскиот совет на денешната седница донел одлука за постапката за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити,…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?