Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што вечерва се случи на превојот Плетвар, кога се превртел камион со битолски регистарски таблички.
Според првичните информации, несреќата се случила околу 18 часот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец. Потврда за смртниот случај пристигна од Итната медицинска помош од Битола.
Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин, а на терен се формирани километарски колони возила. Според информации од возачи кои се наоѓаат на местото, колоната од возила е долга меѓу 15 и 20 километри.
Од ЈП „Македонијапат“ информираа дека прекинот на сообраќајот е предизвикан од превртеното товарно моторно возило и истурениот песок на коловозот, што целосно го оневозможува одвивањето на сообраќајот.
