Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Со Тошковски на чело на МВР има распад на безбедносниот систем, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Со Тошковски на чело на МВР има распад на безбедносниот систем, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци
ПОЛИТИКА

СДСМ: Со Тошковски на чело на МВР има распад на безбедносниот систем, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци

Објавено June 27, 2026 15:21
Сподели
Сподели

Откако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите две години, опозицискиот СДСМ обвини дека откако е тој на функцијата во државата има распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци.

„Тошковски ветуваше правда, велеше ‘брат да ми е, ќе одговара’, ама денеска никој не одговара. Нема одговорност за ниту еден криминален тендер, нема одговорност ниту за петте тони дрога кои поминаа преку македонската граница. Во изминатите две години сведочевме на серија трагедии, убиства, вооружени пресметки, семејно и врсничко насилство, раст на трговијата со дрога и сериозно нарушена безбедност во државата“,велат од СДСМ.

Особено трагичен белег останува трагедијата во Кочани за која, според опозициската партија, јавноста видела обиди за префрлање на вината и заштита на актуелни функционери.

Од СДСМ потсетуваат и на случајот во скопско Тафталиџе, за кој имало повеќе пријави за насилство пред младата жена да се самоубие заедно со својата ќерка, за случајот со Росица од Велес, која беше убиена од својот поранешен партнер, како и за серискиот убиец од Старо Нагоричане, за кој институциите не реагирале навреме.

„За Симе од сликите со Мицкоски, кој пукаше со калашников, одговорност исто така нема. За командант на ‘Тигар’ е поставен човек кој спречувал инспекциска акција и физички нападнал инспектори – одговорност нема. Луѓе од обезбедувањето на Мицкоски продавале службени информации за пари. Нема одговорност. Другиот телохранител на Мицкоски добива условна казна за семејно насилство. Нема одговорност“,велат од СДСМ обвинувајќи го министерот дека две години го штити криминалот на власта.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно денеска на прес-конференција рече дека земјава има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, а дека изминатите две години е постигната вкупна ефикасност од 69 отсто, зголемен е бројот на откриени сторители и сузбиени над 30 криминални групи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски на отчет: Македонија денес има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
Следна Статија Огромни гужви на Евзони за влез во Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ацевски од СДСМ поднесе оставка и го повикува Филипче и целото раководство на СДСМ да го сторат истото

Кандидатот за градоначлник за општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски после катастрофалниот пораз на овие локални избори поднесе неотповиклива оставка од…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Покажавме и докажавме дека умееме да ги водиме општините без ниту еден скандал и со многу работа

Претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати по повод промовирање на изборната коалиција за претстојните локални избори и…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска: Постои притисок од граѓаните да се кандидирам за градоначалник на Центар

Постојано во комуникација со граѓаните има еден засилен притисок да се кандидирам за градоначалник на Центар, но се уште не…

May 29, 2025
ПОЛИТИКА

ВИДЕО Избегната тепачка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Вербална расправија која кулминираше до раб на физичка пресметка се случи дененеска во Собранието помеѓу лидерот и пратеник на Левица,…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?