Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Посетителите на Шар Планина задолжително да се пријавуваат пред движење во шумски подрачја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Trips > Посетителите на Шар Планина задолжително да се пријавуваат пред движење во шумски подрачја
Trips

Посетителите на Шар Планина задолжително да се пријавуваат пред движење во шумски подрачја

Објавено June 27, 2026 15:50
Сподели
Сподели

Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ воведува забрана за непријавено движење во шумските подрачја на територијата со која управува, во периодот од 1 јули до 31 август, поради зголемените температури и зголемениот ризик од појава на шумски пожари.

Како што информираат од институцијата, мерката е донесена по препорака на Владата на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од забраната се изземени лицата кои живеат или имаат имоти на Шар Планина.

Посетителите кои сакаат да се движат во паркот ќе треба претходно електронски да ја пријават својата посета преку веб-страницата на Националниот парк или преку формулар за евиденција на посетители, по што ќе добијат потврда за регистрирано движење. Пријава може да се поднесе и во хартиена форма во просториите на установата во работно време.

Од паркот потсетуваат и на обврската за плаќање влез за моторни возила, која може да се реализира електронски или преку СМС-порака, во зависност од категоријата на возилото. Тарифите се движат од 150 до 450 денари, зависно од типот на возилото.

Дополнително, строго е забрането палење оган, користење скара, фрлање отпад и било какви активности кои можат да предизвикаат пожар. За непочитување на мерките се предвидени парични казни согласно Законот за шумите.

Од Националниот парк апелираат посетителите да ги почитуваат правилата и да постапуваат одговорно, со цел заштита на природата и спречување на пожари во летниот период.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јованка Кепеска: Со бугарските услови за нашиот влез во ЕУ, целосно се негираат македонскиот народ, јазик и историја
Следна Статија Македонија и Албанија воведуваат заеднички гранични премини и „One Stop“ контроли

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Италијанка скршила нога на Шар Планина, спасена со хеликоптер на МВР и транспортирана до скопската клиника

Денеска во 13:35 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи беше примена пријава за повредено женско лице, државјанка на…

March 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите да се регистрираат во АВМУ

Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година, за првпат официјално беше препознаено постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите,…

January 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Географот Милевски за земјотресот: Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува!

По последниот земјотрес синоќа, професорот на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски, апелира дека нема причина за загриженост. Тој нагласува…

February 11, 2026
ХРОНИКА

Mаж од Тетово живеел со 15-годишно девојче, не ѝ давал да зборува со родителите, мајката го пријави

Случај со малолетничка во Тетово завршил со полициска интервенција и апсење на 32-годишен маж. Мајка пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка…

March 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?