Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Василевска: Македонија ќе биде пример за реформи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Василевска: Македонија ќе биде пример за реформи
ПОЛИТИКА

Василевска: Македонија ќе биде пример за реформи

Објавено June 28, 2026 13:25
Сподели
Сподели

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната прес-конференција упати критики до опозициската СДСМ, обвинувајќи ја партијата за лицемерство и свесно забавување на реформскиот процес во Собранието.

Според неа, постои јасна разлика меѓу јавната реторика на опозицијата за европските вредности и нивните конкретни дејствија во законодавниот дом.

„Наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија што се дел од реформската агенда и европскиот напредок, СДС избира политички блокади и активности со кои ја нарушува сликата за сопствената држава пред меѓународната јавност. Лицемерно е што СДС седум години имаше можност да ги спроведе клучните реформи, за денес да се однесува као тие обврски да започнале вчера“, изјави Василевска.

Таа потенцираше дека опозицијата одбива да учествува во работните групи и не ги гласа клучните законски решенија. Како конкретен пример, пратеничката посочи неколку правни акти кои не ја добиле поддршката од левицата.

„Пратениците на СДС не го поддржаа Законот за енергетика, Законот за Судски совет, Законот за административните службеници, ниту еден закон од областа на образованието, не го гласаа ниту Законот за електронски комуникации, како ни пакетот закони за дигитализација. Не гласаа ништо“, подвлече таа.

За разлика од овие опструкции, Василевска истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ бележи континуитет во исполнувањето на обврските од Планот за раст на Европската Унија, што започна со донесувањето на седум клучни закони во 2024 година, а продолжи со интензивно темпо и во 2025 година.

Таа заклучи дека партиските пресметки нема да го сопрат напредокот и упати повик до опозицијата да ги надмине дневнополитичките калкулации, најавувајќи дека Македонија и оваа година ќе биде лидер во регионот според динамиката на реформите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела
Следна Статија СДСМ: Европската приказна на ЗНАМ е театар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Поддршка на американската дрвна индустрија: Президентски чекор за регулирање на увозот на дрвени производи

Претседателот Доналд Џ. Трамп презема мерки за заштита на домашната дрвна индустрија преку proclamation според Законот за проширување на трговијата

January 2, 2026
ПОЛИТИКА

Андреј Петров: Претседателот е прв одговорен во поразите

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров, во емисијата „Тема на денот“ на Сител истакна дека по катастрофалниот пораз на…

November 16, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Непочитувањето на албанскиот јазик, огледало на Влада која го негира мултиетничкиот реалитет на државата

емократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради континуираното занемарување на употребата на албанскиот јазик во официјалната комуникација на Владата…

June 17, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Македонскиот идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот, туку криминалот и корупцијата на власта

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција денеска истакна дека македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот,…

May 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?