Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дедо Трајче од Росоман ја тера 101-та година и ја открива тајната на долговечноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Дедо Трајче од Росоман ја тера 101-та година и ја открива тајната на долговечноста
ЗАБАВА

Дедо Трајче од Росоман ја тера 101-та година и ја открива тајната на долговечноста

Објавено June 28, 2026 13:45
Сподели
Сподели

Трајче Грозданов ја тера 101-та година, здрава храна и без нервози, е неговиот рецепт за долговечност. Цели 72 години е во брак со неговата сопруга Загорка, која е влезена во 94-та година од животот. МИА ги фотографираше во нивниот дом во Росоман.

– Се школував за авиомеханичар во Рајловац, Босна и Херцеговина. Во животот многу се движев, бев автомеханичар и по цел работен ден поправав комбајни и други земјоделски машини, во земјоделска задруга. Поправајќи, со часови се вртев околу најразлични машини, постојано во движење. Кога се пензионирав, години и години поминав во пешачење, со километри, секое утро од разденување, до изгревање на Сонцето – ни раскажа тој.

Рано легнува и рано станува, секогаш обрнува внимание добро да се наспие. Вели, има рутина во јадењето – оброци секогаш во исто време, последниот, лесен, неколку часа пред спиење. Никогаш не се прејадува. За појадок главно јогурт, лимон и мед, за ручек манџа со што помалку месо, вечера избегнува или каснува нешто лесно како варен ориз или компир или само овошје или домашен компот. Не сака пржена храна. Низ годините, многу од земјоделските производи што ги внесувал во исхраната, биле од домашно производство, без хемија.

Заедно со сопругата изгледале и одомиле четири сина, сега живеат со едниот од синовите и снаата. Низ годините, во регионот што е најпознат по производство на праски во државата, заработувале и обработувале пиперки, афион, тутун, лозје. Но, ни кажа дека иако работеле со тутун и грозје, многу малку време во животот пушел цигари, а вино и ракија, дегустирал главно во младоста.

– Знам дека не ви се верува дека, ете, во Тиквешијата како најголем регион за грозје, вино и ракија, некој не е по пиењето. Со децении не сум се напил вино или ракија. А порано, во младоста, ми се случувало да наздравам за здравје и среќа – откри тој.

Патем ни раскажа и една интересна анегдота, како се откажал од пушењето цигари, кои ги користел кратко во младоста.

– Едно време многу ги поскапија. Ми се чини, ако беа осум динари, ги направија на триесет динари. Падна облог меѓу другарите, кој ќе престане да пуши, добива балонче со ракија. Така ем поради поскапувањето, ем за да го добијам облогот, имав цврста волја и одлучност и завршив со цигарите. А балончето ракија на неколкупати го дегустиравме заедно со другарите – се присети тој на младоста.

Со години, не пие ниту кафе и рече дека воопшто не му недостасува. Времето го поминува главно со сопругата, со која имаат осум внуци и 11 правнуци.

На шега ги прашавме не ли им е досадно по речиси осум децении поминати заедно, а тие со многу позитивна енергија одговорија дека убава им е живејачката, си го минале животот во слога и разбирање, без нервози.

Дедо Трајче се сети и на една друга анегдота од неговиот живот.

– Кога бев на лекар на редовна контрола, лекарот ги повика колегите да ме видат, оти немале видено човек на толку години. Постар од мене, немале видено – ни раскажа тој.

Го прашавме дали можеби има договор со судбината, колку години да изживее, а тој само се насмевна и рече дека никаков договор и тајна за долговечност нема, судбината едноставно самата сакала така да биде. Да се крепат со сопругата долги години.

– Не се даваме – насмеана додаде и таа, бакнувајќи го во образот и шегувајќи се, дека таа ќе го надмине во долговечноста, дека ќе поживее повеќе од него.

Како и да е, им посакавме уште многу години здравје и среќа и заеднички живот, со договор пак да се видиме и да си помуабетиме.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Сејф сити“ засега не може да ги казни странците – за нив нема база за податоци
Следна Статија Министерот за правда има познавање за ресорот колку што има магаре од музика, пишува адвокатот Димоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

За да не ве следат проблеми денес, мора да направите една работа! Голем празник е, обичајот вели дека…

Православна црква и нејзините верници денеска го одбележуваат еден од најтажните датуми – Соборот на 70-те свети апостоли , посветен…

January 17, 2025
ЗАБАВА

Зимска идила на „Галичица“ надополнета со стадо елени

Убавата зимска идила од Националниот парк Галичица, која ја збогатува стадо елени во снежниот предел на планината. На видеото објавено…

January 10, 2026
ЗАБАВА

Среќни луѓе на месецот: Три хороскопски знаци кои ќе имаат среќа во ноември

Астролозите именуваа три хороскопски знаци кои треба да очекуваат успех во различни области од животот во ноември 2024 година. Можен…

October 29, 2024
ЗАБАВА

(Видео) Маж ја реновирал куќата и нашол божиќен подарок од 1978 година наменет за него

Американецот Тим ​​Кинг, жител на Илиноис, добил неочекувано божиќно изненадување кога додека ја реновирал куќата на своите родители, пронашол подарок…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?