Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Како комарците го „одбираат“ своите жртви?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Како комарците го „одбираат“ своите жртви?
ЗДРАВЈЕ

Како комарците го „одбираат“ своите жртви?

Објавено June 28, 2026 14:27
Сподели
Сподели

Дали сте забележале дека комарците секогаш ве напаѓаат вас, додека другите речиси не ги допираат? Науката потврдува дека тоа не е случајност, комарците навистина избираат одредени луѓе, но причината не е крвната група, како што често се верува. Истражувачите објаснуваат дека клучната улога ја има комбинацијата од мириси, јаглерод диоксидот што го издишуваме и топлината на телото. Женките комарци, кои се единствено тие што касаат, ги користат овие сигнали за да ја пронајдат својата цел од големи растојанија.

Најпрво реагираат на CO₂ од здивот, кој им служи како „аларм“ дека во близина има потенцијален домаќин. Потоа, кога ќе се приближат, почнуваат да го анализираат мирисот на кожата и разните хемиски соединенија што секој човек ги испушта.

Мирисот и телесната хемија се клучни
Научниците откриле дека секој човек испушта стотици различни мирисни молекули, а нивната комбинација одредува колку сме привлечни за комарците. Особено важна улога има микробиомот на кожата, кој влијае на тоа каков „мирисен потпис“ имаме. Истражувањата покажуваат дека крвната група нема значајно влијание врз тоа дали некој ќе биде каснат повеќе. Слично, ниту бојата на кожа, очи или коса не игра улога.

Дополнително, фактори како зголемена телесна температура, потење и консумација на алкохол можат да ја зголемат привлечноста за комарците. Пивото, на пример, е поврзано со поголема привлечност поради влијанието врз телесниот мирис и метаболизмот.

Научниците нагласуваат дека разбирањето на овие механизми станува сè поважно, бидејќи климатските промени го прошируваат ареалот на комарците и болестите што ги пренесуваат

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина македонската поп ѕвезда Владо Јаневски
Следна Статија Златото падна под 4.000 долари за унца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

По 6 недели лекување: Двајца пациенти хоспитализирани во Пловдив, ќе бидат пуштени дома

Двајца пациенти кои беа на лекување во Пловдив по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат пуштени на дома.…

April 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Кои се „најдебелите“ земји во светот? Каде е Македонија на листата?

Нивоата на дебелина скокнаа за 17 пати во делови од светот во последните две децении. Од 200 земји кои историски…

November 17, 2024
ЗДРАВЈЕ

Одобрено обвинението за фиктивни тендери и присвоени лекови на Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра

Кривичниот суд го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, за…

July 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Првпат во државата е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?