Најновите податоци на Народната банка за каматните стапки покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај изнесува 4,69 проценти и бележи пад од 0,37 процентни поени.

Според објавените податоци, пад е забележан и кај просечната каматна стапка на вкупните депозити за 0,04 проценти поенти, односно таа изнесува 2,17 проценти.
Намалување на годишно и месечно ниво има и кај новопримените кредити и кај новопримените депозити.
