Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зајкова: Не може граѓаните од странство да имаат поголеми избирачки права од оние кои живеат и допринесуваат тука
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Зајкова: Не може граѓаните од странство да имаат поголеми избирачки права од оние кои живеат и допринесуваат тука
ПОЛИТИКА

Зајкова: Не може граѓаните од странство да имаат поголеми избирачки права од оние кои живеат и допринесуваат тука

Објавено July 1, 2026 13:32
Сподели
Сподели

Доколку нема до крај разјаснет процес на контрола на гласањето, тогаш изборниот процес веројатно би бил гласање на бел лист хартија.

„Не е спорно дали да гласа дијаспората електронски, апсолутно немам ништо против гласачкото право на дијаспората. Но сметам дека не можам како пратеник од првата изборна единица да дозволам граѓаните од мојата изборна единица, од Скопје, од Македонски Брод или пак граѓаните од каде што се по потекло моите баба и дедо, Валандовско, Гевгелиско, имаме Битола, има села Тодори, Могила, Новаци… не можеме да дозволиме тие да бидат во по-непривилегирана и дискриминирачка положба, бидејќи треба да бидеме свесни дека со ова законско решение воедно се укинуваат и избирачките места каде што има околу 10 жители и со тоа, се ставаат во по-непривилегирана положба граѓаните кои што живеат тука, на територија на Македонија“, изјави во вчерашното гостување во централниот Дневник на МРТВ, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова.

Зајкова се согласува со тоа дека е недозволиво да не им се олесни правото на глас на македонските граѓани во странство кои придонесуваат за државата, но не би било фер да не им се олесни и правото на глас на оние кои живеат и придонесуваат тука, во Македонија.

„Уставот гарантира еднаквост на правото на глас. Не може за некого да биде дозволено да гласа од дома, а други да треба да патуваат можеби и по 20 километри до првото избирачко место дома за да го остварат своето уставно загарантирано право на глас“, нагласи претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Надградена безбедносната контрола на Скопскиот аеродром, инвестиција од милион евра
Следна Статија Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со нетрпение чекам да ја поднесат резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ќе имаме наши позиции

„Ние со нетрпение очекуваме да дојде таа резолуција за да дадеме ние наш инпут. Нели самата опозиција ни велеше дека…

September 15, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Очигледно и понатаму ќе слушаме хумор и сатира од ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека убавината на демократијата е во различните мислења, како и во можноста за нивно изразување…

October 3, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ со законски измени ќе бара зголемување на минималната плата и замрзнување на функционерските плати

Социјалдемократскиот сојуз подготвува законски измени со кои ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на функционерските…

January 29, 2026
ПОЛИТИКА

Муцунски: Наша цел е државата да биде кредибилна земја членка на НАТО, посветена на евроинтеграцијата

Говорејќи за активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Муцунски на денешната трибина „100% за тебе“ насловена…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?