Тринаесетти март 2001 година го промени животот на селекторот на Норвешка засекогаш. Стел Солбакен за време на лесен тренинг со Копенхаген, Стејл одеднаш се струполи на тревата. Доживеа срцев удар поради неоткриена вродена срцева маана.
Следеше паника. Клубскиот доктор Франк Одгард реагираше брзо, но срцето на Солбакен застана. Тој беше клинички мртов.

„Бев мртов седум минути. Лекарите дадоа сѐ од себе во амбулантното возило, масирајќи ми го срцето и користејќи дефибрилатор. Се сеќавам само како се разбудив во болница, опкружен со цевки, и како сопругата ми кажуваше што се случило“, се присети подоцна Солбакен.
Лекарите успеаја да му го вратат пулсот, но неговата фудбалска кариера заврши на 33-годишна возраст. Му беше вграден пејсмејкер, а Стејл мораше да научи како да живее одново, со постојано потсетување на минливоста на животот во сопствените гради.
