Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицегувернерот Величковски: Монетарната политика и платните системи се двата столба на современото централно банкарство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вицегувернерот Величковски: Монетарната политика и платните системи се двата столба на современото централно банкарство
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерот Величковски: Монетарната политика и платните системи се двата столба на современото централно банкарство

Објавено July 3, 2026 11:26
Сподели
Сподели

„Ефикасноста на монетарната политика е тесно поврзана со развиеноста на финансиските пазари, поради што реформите коишто континуирано ги спроведува Народната банка претставуваат важна основа за зачувување на стабилноста и поттикнување одржлив развој на финансискиот систем“, пишува вицегувернерот Игор Величковски во своето обраќање во билтенот на Македонската банкарска асоцијација (МБА), во коешто се осврнува на клучните активности што ги презеде Народната банка во изминатиот период со цел зајакнување на преносните механизми на монетарната политика, како и на новините во платниот систем, кој претставува клучен сегмент од современата финансиска инфраструктура.

„Со измените во оперативната монетарна рамка, усвоени кон крајот на минатата година се забележлува подобрување на функционирањето на меѓубанкарскиот пазар на пари, каде што пократката рочност на основниот монетарен инструмент придонесе за подинамично управување со ликвидноста и формирање на пазарните каматни стапки блиску до нивото на референтната стапка на Народната банка. Ова дополнително ја зајакнува ефикасноста на монетарната политика, особено во услови на зголемена неизвесност“, истакнува Величковски.

Тој во своето обраќање нагласува дека изминатите неколку години претставуваат период на суштински реформи во областа на платежните услуги и платните системи. Народната банка спроведе реформи што ја зголемија конкуренцијата, ја подобрија заштитата на корисниците и ја зајакнаа безбедноста на плаќањата. Со усогласувањето со европските стандарди и пристапувањето кон СЕПА, се овозможија побрзи и поевтини плаќања во евра, а во моментов Народната банка е насочена кон воспоставување на новиот систем за инстант плаќања заснован врз клонот на ТИПС, кој се развива во рамките на иницијативата на Европската централна банка за земјите од Западен Балкан.

„Овој систем ќе овозможи извршување на плаќањата во денари во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата, поставувајќи нови стандарди за брзина, достапност и корисничко искуство. Истовремено, тој ќе создаде основа за регионално поврзување на платните системи и постепена интеграција со европската платежна инфраструктура, овозможувајќи така побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со земјите од Западен Балкан и Европската Унија“, нагласува вицегувернерот Величковски, посочувајќи дека новата инфраструктура ќе поттикне и развој на иновативни решенија за поедноставно иницирање на плаќањата преку мобилни апликации, што ќе овозможи поекономично прифаќање на плаќањата на продажните места, како и побрзо располагање со средствата од страна на трговците.

Вицегувернерот Величковски потенцира дека постигнатите резултати се засноваат врз заедничките напори на Народната банка и Министерството за финансии како регулатори, на банките, останатите даватели на платежни услуги и другите релевантни институции, како и на континуираната координација меѓу сите засегнати страни. Партнерскиот пристап претставува силна основа врз која се надградуваат тековните реформи и развојните проекти, коишто и во наредниот период ќе бидат насочени кон понатамошна модернизација, европска интеграција и унапредување на платежните услуги во интерес на граѓаните и компаниите.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азески: Бизнисот бара отворање на границите и почитување на европските принципи
Следна Статија Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Преку апликација ќе ги споредуваме цените во маркетите

Премиерот Христијан Мицкоски најави изготвување софтвер и посебна бесплатна апликација со која граѓаните ќе можат веднаш да прават споредба на…

April 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДРИН АХМЕТИ ЈА ГУБИ „СОРАВИЈА“: Деловниот центар оди на јавно наддавање со почетна цена од 22,4 милиони евра

Бизнис центарот „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен под извршителска продажба поради финансиски обврски кои не биле исполнети. Дрин…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за раст на македонската економија, се проценува раст од 3 отсто

Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за растот на македонската економија во 2025 и во 2026 година. Во најновиот извештај…

January 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Раст на индустриското производство од 2,8 отсто во октомври

Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2.8 % во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод…

November 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?