Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Азески: Бизнисот бара отворање на границите и почитување на европските принципи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Азески: Бизнисот бара отворање на границите и почитување на европските принципи
ЕКОНОМИЈА

Азески: Бизнисот бара отворање на границите и почитување на европските принципи

Објавено July 3, 2026 11:24
Сподели
Сподели

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денеска уште еднаш порача дека бизнисот бара отворање на границите, натамошна борба против корупцијата и сивата економија, гасификација, поддршка на извозот, како и континуитет на правните прописи.

Како што истакна Азески во обраќањето на форумот што го организира Комората, регионот мора многу повеќе да соработува и да ги почитува европските вредности.

– Го имам прошетано цел Балкан, нема метар квадратен каде што не сум бил, сум го сретнал секој втор човек и сум видел само зелени глави, ништо друго зелено не сум видел, зелени глави кои не разбираат дека треба да соработуваме. И мислам дека денеска упатуваме јасна порака на таа тема. Да, ние сме за поддршка на сите суштински прашања, темелни принципи и вредности, но тоа не можеме да го направиме како на копче кога некој ќе нè рестартира, туку ќе го направиме тогаш кога ќе изградиме цврсти темели во сопствената држава и тоа ќе го прошириме на регионот, напомена Азески.

Според него, улогата на стопанските комори е, во овие услови – на криза, што побрзо на компаниите да им укажат колку е важна синергијата меѓу одржливоста и конкурентноста.

– Уште еднаш јавно кажуваме – бараме отворање на границите на сите можни начини. И тука ја поддржуваме Владата на Република Македонија која чини напори со бизнисот да ги отвори портите на соработката. Тоа особено е изразено во последниве шест месеци, кога заеднички се настапува во сите земји – значајни економски партнери за нас. Тоа мислам дека ќе продолжи и во наредниот период, потенцира Азески.

Оцени и дека македонската држава изминатите години успеа да изгради сериозни темели кои овозможуваат денес да се справува со сериозни предизвици.

– Што е она што недостига? Она што недостига е платформа за темелни вредности од кои нема да се откажеме по ниту една цена, а тоа се: борба против корупцијата и сивата економија, брза гасификација, поддршка на извозот и континуитет на правните прописи и одлуки. Имплементацијата на платформата треба да достигне највисоко ниво зашто претставува основа за развој на демократските вредности кон кои сите се стремиме. Дали имаме напредок на тој план? Имаме огромен напредок. Нормално. Во 32 години да излезеш без сериозни последици од енергетска, финансиска и тешка здравствена криза, од две тешко кризни ситуации – една на наша територија, една во соседството и да го реформираш системот, не е мала работа. Сега нема за нас враќање назад, одиме напред кон овие вредности, но ги повикуваме и другите чинители во државата, МАНУ, универзитетите, невладиниот сектор да ни се придружат, за да се наметнат ставови кои се во интерес и на фирмите и на граѓаните и на државата, подвлече Азески.

На форумот обраќања имаа и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, како и евроамбасадорот Михалис Рокас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Итно опериран Стевчо Јакимовски
Следна Статија Вицегувернерот Величковски: Монетарната политика и платните системи се двата столба на современото централно банкарство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките

За осум месеци затворени се десет конфекции, ова се проценките на Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Тој посочува дека…

September 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија нуди услови за отворање на добро платени работни места

Туризмот, инфраструктурата, образованието се секторите на кој се фокусираме на соработка со Обединетите Арапски Емирати. Имаме бројни средби во овие…

April 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид влегува во завршна фаза, дел од овој патен правец ќе биде пуштен во употреба пред ова лето

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Македонија, влегува во завршна фаза. Овој автопат, дел…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

На владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија кои ќе бидат наменети за раздолжување на еврообврзницата земена од минатата влада

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ изјави дека на владина седница поминаа…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?