Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
ЗДРАВЈЕ

Потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести

Објавено July 4, 2026 14:03
Сподели
Сподели

На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска, информира директорот на клиниката Фадил Цана.

Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки.

-Нивната здравствена состојба внимателно се следи – информира Цана.

Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец. Најголем дел од инфицираните лица немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, додека кај мал број пациенти, особено кај повозрасни лица и лица со ослабен имунитет, може да се развијат потешки невролошки компликации.

Од Универзитетската клиника за инфективни болести апелираат до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци: користење репеленти, носење облека со долги ракави и ногавици при престој на отворено, поставување заштитни мрежи на прозорците и отстранување на застојаната вода во околината, каде што комарците се размножуваат.

Во моментов нема причина за паника, но постои потреба од зголемена претпазливост, особено во летниот период кога активноста на комарците е најголема. Граѓаните кои по убод од комарец ќе развијат висока температура, силна главоболка, вкочанетост на вратот, нарушена свест или други невролошки симптоми треба веднаш да побараат медицинска помош.

Клиниката останува во постојана координација со надлежните здравствени институции и внимателно ја следи епидемиолошката состојба. Според последните достапни европски извештаи, оваа сезона веќе се регистрирани случаи на Западнонилска треска во регионот, што ја нагласува важноста од навремена дијагностика, надзор и превентивни мерки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неготинец се удавил во Вардар кај Црвени Брегови
Следна Статија (ВИДЕО) Во стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД и други видови дрога

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

Донесено е Решение за забрана на увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип, потврди денеска директорот на Агенција…

June 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Совети за старост без деменција: Неколку правила за стимулација на телото и умот

Деменцијата не е природен дел од стареењето, па и покрај тоа, најверојатно ќе ја развиете како што стареете. Да, поплаките…

May 29, 2026
ЗДРАВЈЕ

Пешевска предупреди на опасноста од ракот на дојка: Најдете време да се грижите за себе, секој преглед е важен!

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ се обрати во Собранието по повод Октомври – Меѓународниот месец на борбата против ракот на…

October 6, 2024
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Од 115 пациенти кои се лекуваат во странство шест се критични, вчера се хоспитализирани нови шест пациенти на Клиника

Состојбата се подобрува, се намалува бројот на критични пациенти, но далеку сме од моментот на опуштање. Борбата не е завршена,…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?