Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вечерва не пропуштајте го дербито Португалија – Шпанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Вечерва не пропуштајте го дербито Португалија – Шпанија
СПОРТ

Вечерва не пропуштајте го дербито Португалија – Шпанија

Објавено July 6, 2026 16:49
Сподели
Сподели

На половина од осминафиналната фаза на Светското првенство се случи и едно големо изненадување, елиминацијата на Бразил, а секако со големо внимание токму поради тоа ќе се очекуваат и другите четири осминафинални дуели. Денешната програма нуди еден екстра квалитетен натпревар на европски репрезентации и секако натпревар на домаќинот САД.

Европа сигурно ќе има уште еден четвртфиналист бидејќи вечерва во Далас играат Португалија и Шпанија. Кристијано Роналдо најверојатно за последен пат ја предводи Португалија на големо натпреварување. Тимот игра со надеж дека ќе успеат да стигнат што е можно подалеку на шампионатот, но екипата е сплотена и од причина што нивниот репрезентативен колега Диого Жота, лани во овој период од годината го загуби животот во сообраќајна несреќа, едноставно играат и за него и тоа како да им дава дополнителна сила. Шпанците пак од натпревар во натпревар ја креваат формата, делуваат се посигурно и нема да биде изненадување ако успеат да наметната игра да стигнат и до следната рунда. Натпреварот се игра во Далас со почеток во 21 часот.

Големо внимание привлекува и дуелот меѓу домаќинот САД (Мексико и Канада се веќе елиминирани) и Белгија. Американците имаат големи амбиции, но патот до финалето е исклучително тежок. Сепак работите им одат во прилог како тоа дека исклучениот играч од дуелот со БиХ Фоларин Балогун од ФИФА доби прави да настапи, иако според правилата за директен црвен картон автоматски следува еден натпревар суспензија. Ова за тимот на селекторот на САД, Маурицио Покетино ќе биде исклучително позитивно особено што Балогун е најдобриот напаѓач. Белгија веднаш реагираше со приговор, но барем засега останува дека играчот може да настапи. На белгискиот тим му останува да се подготви на многу работи, покрај фудбалската игра, ако сака да се избори за уште едно европски четвртфинале.

Победниците од денешните натпревари САД/Белгија и Португалија/Шпанија ќе играат во четвртфиналето на 10.јули во Лос Анџелес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови повисоки цени од полноќ на дизелот и бензините
Следна Статија „Пресретнувачи“ ќе ги казнуваат странските возила низ земјава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Легија, Хајдук и Динамо се најдобрите навивачи во светот, кои се останатите

Легија на прво место, потоа Хајдук и Динамо… Според изборот на англиските медиуми, ова се трите најдобри навивачки групи во…

May 24, 2025
СПОРТ

Еурофарм Пелистер остана без тренер

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ќе влезе во новата сезона со нов тренер, откако битолскиот тим и шпанскиот стратег Раул…

July 7, 2025
СПОРТ

Црвена ѕвезда продаде уште еден играч, за пет милиони евра 18-годишниот Лазар Јовановиќ оди во Штутгарт

Белградска Црвена ѕвезда за пет милиони евра го продаде 18-годишниот Лазар Јовановиќ на Штутгарт, кој игра на позицијата десно крило.…

July 8, 2025
СПОРТ

Баерн за Дијаз понуди 85 милиони евра

Баерн не се откажува од трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул. Германскиот шампион испрати понуда од 65 милиони евра пред…

July 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?