Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е голем празник: Иванден има лековита моќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Денеска е голем празник: Иванден има лековита моќ
ЗАБАВА

Денеска е голем празник: Иванден има лековита моќ

Објавено July 7, 2026 11:30
Сподели
Сподели

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден. Именден празнуваат: Иван, Иванка, Ивана, Јанко, Јане, Јана…

На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја.

Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет.

Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет.

За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.

Во македонската народна традиција овој празник е поврзан со летниот солстициј, односно со периодот на долгодневницата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божиќ, денот поврзан со зимскиот солстициј, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празници ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред се со сонцето.

Најпознат обичај на Прославата на Иванден е Тајане. Тоа претставува македонски календарски обичај поврзан со празникот Раѓањето на Свети Јован Крстител – Иванден (7 јули /24 јуни)[2]. Најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушевско. Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат.

Имено вечерта спроти празникот се бере папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.

Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, исто така претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак исто така се остаток од старите словенски верувања.

Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања, но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Солзи на Роналдо за последен пат на СП (ФОТО)
Следна Статија Мерки за претпазливост за тројцата насилници што го претепаа и избодеа 14-годишникот во Ченто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

На волонтерите им плаќаат по 5.000 евра за да лежат во кревет 10 дена

Европската вселенска агенција (ESA) им плаќа на волонтери по 5.000 евра за 10-дневен експеримент во кој треба само да лежат…

March 30, 2025
ЗАБАВА

Имаат просечна плата од околу 4.500 евра и совршена природа: Ова е најдобрата држава за преселување во 2025 година

Исланд е прогласена за најдобра земја за луѓето кои сакаат да започнат живот на ново место во 2025 година. Оваа…

October 19, 2025
ЗАБАВА

Сергеј и прости на сопругата што го тепаше, Исидора се врати дома

По хаосот и реакцијата на полицијата, за која беше осудена Исидора Трифуновиќ, актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга се помирија.…

October 24, 2024
ЗАБАВА

Венера влезе во Рак, големи љубовни магии за овие три хороскопски знаци

Во четврток, на 31 јули, Венера влезе во Рак, па затоа се очекуваат бројни настани на полето на љубовта и…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?