Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По трет пат одложено повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По трет пат одложено повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово
МАКЕДОНИЈА

По трет пат одложено повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово

Објавено November 5, 2024 12:23
Сподели
Сподели

По трет пат е одложено повторното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако на повторно судење го врати Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Денеска рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, а судијка која го заменуваше го закажа за 15 јануари 2025 година во 10 часот.

Првиот обид за повторенот судење беше на 26 јуни година 2024 година, па се одложи за 25 септември кога исто така не се одржи јавна расправа.

Апелацискиот суд во април годинава донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

На 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години не сторат ново кривично дело. Правно лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата.

Првиот судски процес се водеше откако на 8 септември 2021 година 14 луѓе ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во рамки на Клиничка болница Тетово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вреди: Ахмети повеќе од 20 години го користеше Куманово како полигон за своите експерименти
Следна Статија Бендевска: Провокација од бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ за денот на ослободувањето на Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Полициска контрола влегла во ,,Пулс” неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле

Тошковски на денешната прес-конференција потврди дека вечерта за време на несреќата имало полициска контрола. Полицајците влегле неколку минути пред трагичниот…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

УКИМ почнува со дигитализација на сите студентски сервиси, за воведување електронски индекс ќе бидат потребни година и пол, вели ректорката Биљана Ангелова

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ овој месец почнува со целосна дигитална трансформација. Најпрво ќе ги дигитализира сите студентски сервиси и…

March 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нуркачи викендов ќе го чистат дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид викендов ќе ја реализира еколошката акција „Охрид ЕКО 2025“ за чистење на дното на Охридското…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мемов: Нема потреба од апокалиптични сценарија, исплатата на пензиите не е загрозена и ќе продолжи секој први во месецот

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов гостуваше во Тема на денот на ТВ Сител каде што одговори на повеќе…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?