Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бендевска: Провокација од бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ за денот на ослободувањето на Битола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бендевска: Провокација од бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ за денот на ослободувањето на Битола
МАКЕДОНИЈА

Бендевска: Провокација од бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ за денот на ослободувањето на Битола

Објавено November 5, 2024 12:56
Сподели
Сподели

Избришан од Централен регистер на Македонија, бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ со седиште во Битола приреди провокација во пресрет на денот на ослободувањето на градот и токму затоа доставив поднесок до Основното јавно обвинителство, изјави за државната МИА, Весна Бендевска, потпретседател на македонското Собрание.

Според Бендевска, провокациите на непостоечкиот, а сепак според информации во јавноста активен бугарски клуб „Ванчо Михајлов“, се насочени против националните чувства на македонскиот народ

– Се обратив до Основното јавно обвинителство во Битола за да прашам дали државните институции можат да најдат начин на кој ќе го забранат дејствувањето на здружението на граѓани со фашистичко име. Доколку има индиции, веднаш ќе поднесам кривична пријава против Љупчо Ѓоргиевски, поранешен претседател на поранешното здружение што е избришано од регистарот – изјави Бендевска.

Според Бендевска, провокацијата на непостоечкото здружение е поврзана со тврдењата искажани на настан во клубот „Ванчо Михајлов“ а пренесени во јавноста, во кои се посочува дека Војдан Чернодрински е бугарски преродбеник, а „Македонска крвава свадба“ дека е дел од бугарското културно наследство.

Во очекување на реакција од Основното јавно обвинителство Битола, Бендевска собира и дополнителна документација со цел доследно почитување на одлуката на Централен регистер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По трет пат одложено повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово
Следна Статија Мицкоски: Денот на ромскиот јазик е и потсетник дека мораме да го зачуваме овој јазик, да го негуваме и да се погрижиме дека ќе продолжи да живее и да се развива

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гужви на границите, се чека најмалку еден час само на македонска страна

На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, поради зголемена фреквенција има задржувања околу еден час. На останатите премини…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шест месеци од трагедијата во Кочани, „Марш на ангелите“ и протест во Скопје

Шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица се навршуваат денеска.…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Спроведување на електронски попис ќе биде предизвик

Првиот предизвик за спроведување електронски попис е дека нема да има вистинска мапа на населението, односно нема луѓето да бидат…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени

За трагедијата во Кочани моментно се постапува по над 50 осомничени. Истрагата не е завршена, се уште трае, а обвинителите…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?