Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државата ги продава луксузните станови одземени од Груевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Државата ги продава луксузните станови одземени од Груевски
МАКЕДОНИЈА

Државата ги продава луксузните станови одземени од Груевски

Објавено July 11, 2026 09:14
Сподели
Сподели

Џакузи на тераса, панорамски поглед кон Скопје, пространи дневни соби и големи балкони. Вака изгледаат трите луксузни апартмани во комплексот „Панорама резиденс“, кои државата повторно ги нуди на продажба откако беа конфискувани во случајот „Плацеви на Водно“, во кој поранешниот премиер Никола Груевски беше правосилно осуден на девет години затвор.

Откако претходните обиди за продажба на два од становите не дадоа резултат, Агенцијата за управување со одземен имот повторно организира јавно наддавање, со почетна вредност од вкупно најмалку 2,46 милиони евра.

Фотографиите објавени во огласите откриваат луксузно уредени апартмани со широки простории, големи тераси, квалитетна опрема, џакузи и поглед кон Скопје.

Два од апартманите имаат станбена површина од по околу 200 квадратни метри и тераси од нешто помалку од 50 квадратни метри. Нивната почетна цена изнесува по 850.000 евра, што значи дека квадратниот метар е проценет на околу 4.250 евра, без да се пресмета површината на терасите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Екс британска министерка Ен Видикомб е пронајдена мртва, полицијата се сомнева за убиство
Следна Статија УТРЕ Е ПЕТРОВДЕН: Најголемиот празник по Велигден, а ова се обичаите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Како што ги редиме, ги земаат велат од маркетите каде зголемена е побарувачка на вода по најавата за прекин во Скопје

Се зголемува побарувачката на вода низ маркетите во главниот град по најавата на ЈП „Водовод и Канализација“, дека поголемиот дел…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Осуден инцидентот пред бугарската амбасада, се работи за изолиран случај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот во кој од страна на еден сторител…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Со највисоки почести пречекана владината делегација предводена од премиерот Мицкоски во Приштина

Со интонирање на македонската, а потоа и на косовската химна, со највисоки почести денеска во Приштина беше пречекан премиерот Христијан…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали

Шокира фактот дека во 2025 имало 4 745 пријави за семејно насилство и шест случаи на убиство, а за два…

March 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?