Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВИДЕО: Со највисоки почести пречекана владината делегација предводена од премиерот Мицкоски во Приштина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ВИДЕО: Со највисоки почести пречекана владината делегација предводена од премиерот Мицкоски во Приштина
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Со највисоки почести пречекана владината делегација предводена од премиерот Мицкоски во Приштина

Објавено November 18, 2024 12:30
Сподели
Сподели

Со интонирање на македонската, а потоа и на косовската химна, со највисоки почести денеска во Приштина беше пречекан премиерот Христијан Мицкоски од страна на својот косовски колега, премиерот Албин Курти.

Во македонската делегација е речиси целиот владин состав.

Македонската и косовската влада денеска ќе одржат заедничка меѓувладина седница во Приштина, по која ќе бидат потпишани протоколи и меморандуми за соработка во три области.

Со првиот меморандум, како што информираа утринава од Владата, ќе се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас Косово – Македонија.

Вториот е информација за склучување на Протокол помеѓу Владите на Македонија и Косово за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување, и начинот на одржување на објектите.

Третиот документ е меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово со кој, како што посочуваат од Владата, имаат за цел подигање на квалитетот во стручното образование и обука и во образованието на возрасните во двете држави.

Пред почетокот на меѓувладината седница предвидено е премиерите Мицкоски и Курти да одржат тет-а-тет средба, а таква средба ќе има и меѓу министрите на двете влади.

Нешто пред 14 часот Мицкоски и Курти ќе одржат заедничка прес-конференција.

https://www.facebook.com/share/r/1KRAXFr42g

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меси: Секогаш му се восхитував на Зидан и страдав затоа што е од Мадрид
Следна Статија Како да се однесувате во војна? Во Шведска, Финска и Норвешка се делат брошури…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Припадниците на БСС и ЕБР ја покажаа синергијата, квалитетот и професионалноста

Денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски…

October 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Нема влез во ЕУ без право на глас

Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Всушност, не постои такво нешто кое би предвидувало…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски го покани Радев да ја посети Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава. Мицкоски, по…

May 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција

Везилка – Националната фабрика за вештачка интелигенција денеска ќе биде официјално претставена од Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ)…

June 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?