Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Само членови на приватни клубови да можат да пушат, е предлогот во новиот Закон за пушење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Само членови на приватни клубови да можат да пушат, е предлогот во новиот Закон за пушење
ЗДРАВЈЕ

Само членови на приватни клубови да можат да пушат, е предлогот во новиот Закон за пушење

Објавено July 11, 2026 11:45
Сподели
Сподели

Пушењето цигари да биде дозволено само во приватни клубови, каде што пристап имаат исклучиво регистрирани членови кои плаќаат членарина – ова е предлогот содржан во поднесениот амандман на Законот за заштита од пушењето, кој е во собраниска процедура.

Според дефиницијата во амандманот, приватен клуб е „правно лице регистрирано согласно закон, кое користи затворен простор со ограничен пристап, наменет исклучиво за регистрирани членови кои доброволно членуваат и плаќаат членарина и кој не е достапен за пошироката јавност“.

Министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, очекува законот да биде усвоен во следните две недели и потоа да стапи во сила. Сепак, експертската група која го подготвувала законот не го поддржува овој амандман. Според нив, дозволувањето пушење во приватни клубови нема да придонесе за намалување на пушењето и нема да има доволен ефект врз превенцијата, особено кај младите.

Со новите законски измени, доколку бидат усвоени, ќе биде забрането пушењето на класични и електронски цигари во повеќе јавни простори – државни институции, компании, образовни установи, автобуски станици и постојки, пазари и други места со поголема фреквенција на луѓе.

Забраната ќе важи и за пушење во автомобили кога во возилото има малолетно дете. Предвидените казни се од 100 до 300 евра за физички лица, додека за правни лица глобите ќе се движат од 2.000 до 5.000 евра. За угостителските објекти е предвиден преоден период од една година за приспособување на терасите, кои ќе мора да бидат отворени најмалку од две страни за да се сметаат за дозволен простор за пушење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Куба без струја
Следна Статија Македонија ќе ја води истагата за инцидентот во авионот на Рајанер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алиу: Нови простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска…

February 6, 2026
ЗДРАВЈЕ

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1…

July 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Д-р Даниловски со критика за претседателот на Македонското научно здружение за аутизам: Збришана е целата доверба на народот кон вакцините

Универзитетскиот професор, епидемиологот д-р Драган Даниловски со критики кон претседателот на Македонското научно здружение за аутизам, доктор Владимир Трајковски. За…

April 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Колиформни бактерии над дозволеното ниво во водата во Гостивар – Приведени тројца раководители на „Комуналец“

Основното јавно обвинителство Гостивар ги објави резултатите од анализите на водата за пиење, кои покажуваат сериозно загадување поради што таа…

July 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?