Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кочанчанец фатен со дрога успеал да избега преку прозорецот на полициската станица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кочанчанец фатен со дрога успеал да избега преку прозорецот на полициската станица
ХРОНИКА

Кочанчанец фатен со дрога успеал да избега преку прозорецот на полициската станица

Објавено July 11, 2026 16:07
Сподели
Сподели

Пред два дена во полицискиот билтен излезе информација дека на 9 јули вечерта биле уапсени двајца копчанчани фатени со кокаин, кој го криеле во возилото.

„На 09 јули, 2026 година во 23 и 55 часот на влез во село Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и полициското одделение Македонска Каменица ги лишија од слобода Ј.Ј. (25) и А.Л.(41), двајцата од Кочани.

При преглед на патничкото возило „субару“ со кочански регистерски ознаки, управувано од Ј.Ј., а во кое бил А.Л., во возилото била пронајдена и одземена бела прашкаста материја“, се наведуваше во полицискиот билтен.

Сепак, информациите до кои дојде „Фокус“ се дека 41-годишниот А.Л. вчера додека бил на распит во полициската станица во Кочани успеал да избега.

„На 10 јули, 2026 година во 20 и 35 часот во Полициската станица Кочани, А.Л. (41) година од Кочани кој претходно бил задржан во полициската станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, од просторија отворил прозорец и се дал во бегство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, се наведува во официјалниот одговор на МВР за „Фокус“.

Како што дознаваме, бегалецот е близок до пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овој хороскопски знак го очекува големо изненадување
Следна Статија Meta ја повлече новата ВИ-алатка за фотографии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Мечка нападна и тешко повреди старец во атарот на село Рилево

Вчера утрото, околу 10 часот, во атарот на село Рилево, општина Долнени, повозрасен маж бил нападнат од мечка додека собирал…

November 10, 2025
ХРОНИКА

Седум лица од тимот на ДНК загинаа во пожарот

Дури седум лица од тимот на ДНК се помеѓу загинатите во пожарот во Кочани. Покрај Андреј, починати се и музичарот…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Полицаец осомничен дека крадел струја

Полициското одделение Матејче поднесе кривична пријава против свој вработен кој го сомничи дека крадел електрична енергија. – Одделот за внатрешна…

April 30, 2025
ХРОНИКА

Старица од Скопје измамена за 36.300 евра за лажна сообраќајна несреќа

Уште една измама во Скопје со лажна сообраќајна несреќа. 71-годишна жена била измамена за сума од 36.300 евра. Како што…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?