ВМРО-ОКГ повторно лаже. Тие свесно шират лажна приказна дека СДСМ е против гласањето на дијаспората. Ова е чиста манипулација. Никој не е против гласањето на дијаспората, наведува СДСМ.
Проблемот не е во правото на глас, туку во манипулацијата и кражбата на гласови која ВМРО-ОКГ сака да ја овозможи преку Изборниот законик.Дијаспората не сака Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група да гласаат наместо неа. Дијаспората сака самата да го каже својот глас, а не да дозволи членови на криминалната мрежа во Белата палата да одлучуваат наместо неа.
ВМРО-ОКГ сака да отвори пат за масовна злоупотреба преку неконтролирано гласање.
Токму затоа се спротивставуваме на нивните предлози. Не затоа што сме против дијаспората, туку затоа што сме против кражбата на нејзиниот глас.
Дијаспората гласаше и во минатото. Ќе гласа и во иднина. Но нема да дозволиме нејзиниот глас да го украде истата криминална структура која веќе две години ја држи Македонија во изолација и која ја доведе државата до економски колапс.
