Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Финаниска полиција поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице за затајување данок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Финаниска полиција поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице за затајување данок
ХРОНИКА

Финаниска полиција поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице за затајување данок

Објавено July 14, 2026 13:33
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик.

Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со второпријавениот Г.З. во својство на сопственик и овластен потписник на банкарската сметка и третопријавениот И.Ѓ. во својство на претходен сопственик на правното лице, во текот на април 2024 година договориле и извршиле продажба на линија за производство на кабли во вкупен износ од 14.514.000 денари, која не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правното лице.

Дел од средствата од продажбата, во износ од 2.701.189 денари, ги присвоиле за себе преку префрлање на сопствени банкарски сметки и сметки на блиски лица, без притоа да ги евидентираат во сметководствената евиденција на правното лице, а дел од продажбата го реализирале преку компензација со патничко моторно возило во износ од 1.537.500 денари и кабли во вредност од 1.516.500 денари, кои исто така не биле евидентирани и не биле пронајдени кај правното лице.

Исто така, првопријавениот Д.П., додаваат од Финансиска полиција, во име и за сметка на правното лице, не ги отпишал и не ги оданочил неплатените обврски спрема домашни и странски добавувачи од 2022 година во вкупен износ од 17.380.716 денари.

Со наведените дејствија пријавените не пресметале, не пријавиле и не уплатиле данок на додадена вредност во износ од 272.970 денари, данок на добивка во износ од 3.764.991 денари и данок на личен доход во износ од 639.401 денари, со што го оштетиле Буџетот на државата за вкупен износ од 4.677.362 денари.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меѓу новите министри има експерти и политички кадри од коалициските партнери
Следна Статија Сашо Клековски седна на министерската фотелја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Гевгеличанец ја тепал и силувал поранешната девојка

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Полов напад и…

November 23, 2025
ХРОНИКА

Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско

Во Штип се одвива голема акција на Шумската полиција против дивата сеча, објави на својот Фејсбук профил, заменик-директорот на ЈП…

March 13, 2025
ХРОНИКА

Глумел полицаец со значката на татко му, пцуел возач, па го повредил со нож

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во…

March 23, 2025
ХРОНИКА

Возач удрил во возила, контејнери и семафор во Скопје

Полицијата денеска информира за случај од петокот во кој 52-годишен државјанин на Косово со привремен престој во Арачиново со возило…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?