Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против компанија поради затајување данок од над 19 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава против компанија поради затајување данок од над 19 милиони денари
ХРОНИКА

Кривична пријава против компанија поради затајување данок од над 19 милиони денари

Објавено December 19, 2024 12:07
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С. во својство на управител и против правното лице Балкан Марбле Индустриес ДООЕЛ Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 45 од КЗ и пријавеното правно лице од Скопје за кривичното дело „Даночно затајување“ од член 279 став 4 во врска со став 1, а во врска со член 45 од КЗ.

Имено, пријавениот Б.С., како управител на правното лице, во период од 01.01.2013 година заклучно со 31.12.2020 година, со намера да избегне плаќање на данок на добивка за пријавеното правно лице од Скопје и покрај тоа што не ги вратил примените парични средства на име на аванси примени од пет странски правни лица, во вкупен износ од 308,714.994 денари (5,019.756 евра), пријавениот не ги отпишал застарените обврски на пријавеното правно лице по основ на претходно наведените аванси, кои се постари од три години, со што примените аванси не ги прикажал како приходи во Даночните биланси на пријавеното правно лице за период од 2016 година заклучно со 2020 година, а кој податок бил од влијание за утврдување на ваквите обврски.

Поради тоа, дошло до намалување на даночната обврска за пресметка на данок на добивка, со што пријавениот не пријавил и не платил данок на добивка по пресметковна стапка од 10% во вкупен износ од 19,831.372 денари.

На тој начин, пријавениот Б.С. како и пријавеното правно лице од Скопје извршиле даночно затајување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст
Следна Статија СДС знаел за криминалот на Груби од црната листа и оној од Лотарија, а не реагирале за да не падне владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возачот кој ја усмрти Фросина на Партизанска бил пијан и немал возачка дозвола, поминал на црвено

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста…

January 30, 2025
ХРОНИКА

71-годишен гостиварец почина возејќи велосипед, го удрил возач со комбе

Во полициската станица Гостивар вчера во 16:55 часот било пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, товарно возило „ман“ со…

October 13, 2024
ХРОНИКА

АЛАРМАНТНО – Гори паркот на природата „Езерани“

Од Македонското еколошко друштво алармираат дека гори Паркот на природата Езерани. - Преспа утрово повторно се разбуди обвиена во чад…

July 21, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Запленето злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, тутунски производи и парфеми

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Ејпл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и…

November 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?