Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДОНАЦИЈА ОД ЕУ од 18 возила за Инспекторатот за транспорт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДОНАЦИЈА ОД ЕУ од 18 возила за Инспекторатот за транспорт
МАКЕДОНИЈА

ДОНАЦИЈА ОД ЕУ од 18 возила за Инспекторатот за транспорт

Објавено July 14, 2026 13:40
Сподели
Сподели

Осумнаесет возила од кои две специјално опремени за следење доби Инспекторатот за транспорт од Европската унија. Донацијата, што денеска лично евроамбсадорот Михалис Рокас му ја предаде на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, е вредна 700 илјади евра.

За вицепремиерот Николоски, станува збор за значајна поддршка којашто ќе овозможи Инспекторатот многу поефикасно да ја извршува својата работа и да ја покрива целата територија на државата.

– Навистина е големо задоволство да ја промовираме оваа голема донација која Европската Унија ја прави за нас. Ова е навистина многу значајно. Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија. Ако претходно луѓето кои работат во Инспекторатот се обидуваа колку што можат да ја покријат територијата на државата, по оваа донација ќе можат целосно да ја покријат и да бидат присутни буквално на секоја точка, изјави Николоски.

Новите специјално опремени возила, како што истакна Николоски, ќе придонесат за поефикасен инспекциски надзор, поголема безбедност во сообраќајот и подобра заштита на патната инфраструктура.

– Со овие 16 специјално опремени патнички возила, двете специјално опремени возила за следење и специјално адаптираното комбе кое ќе служи како контролен центар, инспекторатот ќе може целосно да ја заврши својата работа. Тоа значи повеќе безбедност на патиштата, побрз и поефикасен инспекциски надзор, но и подобра заштита на патиштата преку контрола на прекумерната тежина на камионите, превозот на опасни материи и контролата на автобусите за да ги исполнуваат сите стандарди за превоз на патници, рече Николоски.

Инвестициите во патната инфраструктура мора да бидат проследени со засилени контроли, со цел да се зачува нивниот квалитет и долговечност, порача Николоски.

-Градиме експресни патишта и автопати, но истовремено мора многу да внимаваме на безбедноста и на заштитата на патиштата. Еден од главните фактори за нивно уништување е непочитувањето на правилата. На овој начин инвестициите што ги правиме ќе добијат долгорочна вредност, истакна Николоски.

Според евроамбасадорот Рокас, денешната донација е најдобар доказ за тоа како се користат грантовите од Европската унија и доказ дека ЕУ и помага на држвава да се подготви за членство во Европската унија.

– Со ова, Европската Унија покажува како најдобро се користат грантовите на Европската Унија, а истовремено денешнава испорака е уште еден доказ дека Унијата со овие возила и помага на земјата подобро да се подготви за членството во Европската Унија, изјави Рокас.

Со помош на Европската унија и грант од околу 13 милиони евра од механизмот за поддршка на Европската унија веќе се работи и на инсталирање на интелигентни транспортни системи на Коридорот 10 по што во следниот период ќе треба да се продолжи и на Коридорот 8.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ослободителна пресуда за Никола Груевски за случајот „Талир 2“
Следна Статија Eве како беа пречекани норвешките херои

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Денес, ние имаме света должност – да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја

На Илинден, нашите предци ја започнаа својата борба за создавање на македонската држава, борба што ја продолжија многу знајни и…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Премиерот Христијан Мицкоски по учеството на самитот на Берлинскиот процес и остварените средби е поголем оптимист во однос на очекувањата…

October 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел: во фокусот понатамошната интеграција на регионот

Имплементацијата на Планот за раст на Западниот Балкан, напорите за регионална интеграција, како и можностите за натамошно унапредување на постепената…

December 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?